Турски печат 17.12.2020

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1546955
Турски печат 17.12.2020

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Мошне остра реакција од Ердога против САД за санкциите“, информира дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во дадената изјава вчера осврнувајќи се на воведените санкции од страна на Соединетите Американски Држави (САД) против Турција, го рече следното: „Соопштени се санкциите на САД. Мошне јасно велам дека од 2017 година досега не е воведена оваа санкција по прашањето на CAATSA против никоја друга земја. За прв пат се применува против нашата земја, како членка на НАТО. Каков Сојуз, какво сојузништво е тоа.“

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Министерот за надворешни работи Чавушоглу: Ќе дадеме поддршка за исчистување на ПКК од Ирак“, им одделува место на изјавите на министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу кој на одржаната заедничка прес-конференција вчера по остварената средба со ирачкиот министер за надворешни работи Фуад Хусејин, истакна дека сепаратистичко-терористичката организација ПКК пред се е непријател на Курдите. Министерот Чавушоглу рече: „Ние како Турција ќе ја дадеме поддршката којашто е во наша можност за целосно исчистување на Ирак од оваа терористичка организација (ПКК).“

„Флеш вест од Јутуб за Турција“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Сабах“, кадешто се вели дека Јутуб соопшти дека донел одлука за започнување на процесот за назначување на свој локален претставник правно лице во Турција. Во објавеното соопштение од страна на Јутуб се истакнува дека компанијата ја зачувува својата приврзаност кон транспарентноста, слободата на изразување и пристапот до информации, а исто така секогаш води грижа за почитување на локалните закони и регулативи во земјите во кои делува.

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Потег од Турција којшто ќе ги промени рамнотежите“, информира дека е реализирано последното тестирање пред прифаќање  на првиот национален и домашен ракетен систем за противвоздушна одбрана „ХИСАР-А+“ (HİSAR-A+) развиен од страна на Воената електронска индустрија (АСЕЛСАН) и Акционерското друштво за ракетна индустрија и трговија (РОКЕТСАН). Во споделената објава со видео на профилот на Претседателството за одбранбена индустрија преку социјалната мрежа Твитер, се истакнува дека на реализираното тестирање со истрелана ракета со боева глава развиена од страна на „ТУБИТАК САГЕ“, беше успешно погоден од долг дострел целниот високо-брзински авион.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Проф. д-р Угур Шахин и Туреџи кои ја пронајдоа вакцината против Ковид19 наградени со 'Награда личност на годината' “, пишува дека весникот „Фајненшл Тајмс (ФТ)“ за „Личност на годината“ ги избра проф. д-р Угур Шахин и Озлем Туреџи, основачите на германската биотехнолошка компанија „БионТек“ од чија страна е пронајдена вакцината против Ковид-19. Овој англиски весник во врска со Угур Шахин и Озлем Туреџи го напиша следното: „Брачниот пар за помалку од една година разви вакцина против Ковид-19 и со тоа постигна извонреден научен и трговски успех.“

 



Слични вести