Турски печат 15.12.2020

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1545608
Турски печат 15.12.2020

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Ердоган: Водиме борба за спокојството, просперитетот, благосостојбата за регионот и светот“, им одделува место на изјавите на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кој вчера истакна дека Турција е земја која онака како што не одзема ничие право исто така и не дозволува да биде одземено нејзиното право. Велејќи дека се наоѓаат во мултидимензионални активности на една пространа географија од Либија до Источниот Медитеран и од Сирија до Кавказ, претседателот Ердоган рече: „Вложуваме напори за воспоставување на правдата секаде онаму кадешто постои неправда...“

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Ердоган ќе ја соопшти националната вселенска програма“, исто така им одделува место на изјавите на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кој истакна дека продолжуваат да ги обликуваат сите политики на Турција согласно целта да се биде победник во пост-епидемискиот период. Велејќи „Ја подготвуваме нашата земја за пост-епидемискиот период“, претседателот Ердоган го истакна следното: „Фрламе чекори со коишто ќе ја издигнеме Турција над нивото на современите цивилизации, во секоја сфера. На состанокот на кабинетот ја слушавме презентацијата на нашата национална вселенска програма. Иншаллах (со Аллахова помош-дозвола) се многу блиски деновите кога ќе го виориме нашето знаме во вселената. Тоа во наредните денови ќе го споделиме со јавноста.“

„Хулуси Акар: Нема да дозволиме да биде одземено нашето право во Источниот Медитеран“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Стар“, кадешто им се одделува место на изјавите на министерот за национална одбрана Хулуси Акар кој истакна дека нема да се дозволи да биде одземено правото на Турција и на кипарските Турци по прашањето на активностите на истражување на јаглеводородни извори во Источниот Медитеран и нема да се дозволи било каква состојба на свршен чин во овој регион. Министерот Хулуси Акар, напомена дека Грција наместо да разговара со Турција се надева на помош од Европската унија (ЕУ) и на други врати по прашањето на решавање на проблемот во Источниот Медитеран, а воедно порача дека треба да согледа дека тоа претставува безизлез. 

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Турција со најсилен показател во индексот на индустриското производство“, информира дека индексот на индустриското производство во месец октомври на месечна база оствари раст од 1,1 отсто, а на годишна база раст од 10,2 отсто. Министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк во дадената изјава по прашањето го рече следното: „Најсилниот изглед меѓу земјите чии податоци за октомври се соопштени ѝ припаѓа на нашата земја. Нашата цел е мошне јасна, со забрзување на технолошката и дигиталната трансформација во индустријата, да го распространиме производството на додадена вредност.“

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Автомбилот на турскиот свет Ѓунсел“, пишува дека презентацијата на глобалниот автомобилски пазар на „Мусиад Експо 2020“ на домашниот автомобил на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) „Ѓунсел“, зазеде широко место во светскиот печат. Во медиумите на голем број земји меѓу кои се наоѓаат Босна и Херцеговина, Колумбија, Боливија, Катар, Мексико и Азербејџан, автомобилот „Ѓунсел“ се дефинира како „автомобил на турскиот свет“ и добива големи пофалби.

 



Слични вести