Турски печат 11.12.2020

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1543552
Турски печат 11.12.2020

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Порака од претседателот Ердоган до Ерменија“, информира дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на одржаната заедничка прес-конференција со азербејџанскиот претседател Илхам Алиев по остварената средба лице в лице, истакна дека ако затреба за воспоставување на регионалниот мир би можеле да формираат шесторна платформа. Претседателот Ердоган рече: „Русија-Турција-Азербејџан-Иран-Грузија, а доколку прифатат и се придржуваат во оваа платформа би можела да учествува и Ерменија. Доколку биде фрлен позитивен чекор по ова прашање и ние ќе ги отвориме нашите врати. Немаме омраза и кон ерменскиот народ. Нашиот проблем е со раководството на Ерменија. Во мојата земја живеат повеќе од 100 илјади наши ерменски граѓани.“ 

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Турските наоружани беспилотни летала 'СИХА' одиграа голема улога во победата на Азербејџан“, им одделува место на изјавите на азербејџанскиот претседател Илхам Алиев на одржаната заедничка прес-конференција со претседателот Ердоган и притоа информира дека азербејџанскиот претседател Илхам Алиев во својот говор се осврна на развојот што го постигнува одбранбената индустрија во Турција. Алиев го рече следното: „Славните наоружани беспилотни летала 'СИХА Бајрактар“ од турско производство станаа причина за големи промени во нашата борба за татковината. 'Бајрактар' одигра голема улога во нашиот успех. Целиот свет уште еднаш увиде колку се развиени интелигенцијата и способноста на турскиот народ и тоа колку е развиена турската индустрија.“

„Варанк: Одлучни сме Турција да ја доведеме во положба на една од земјите кои ги определуваат трендовите на четвртата индустриска револуција“ гласи насловот на веста на страниците на денешниот весник „Стар“, кадешто им се одделува место на изјавите на министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк. Министерот Варанк во говорот што го одржа на отворањето на Центарот на четвртата индустриска револуција на Турција, рече: „Благодарение на работите за истражување и развој што ги развиваме и инвативниот екосистем, човечкиот ресурс чија квалификација ја зајакнавме и на овие видови центри чие отворање го реализираме сега, Турција веќе е многу поблиску до своите цели. Одлучни сме Турција да ја доведеме во положба на една од земјите кои ги определуваат трендовите на четвртата индустриска револуција.“

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Холандија, САД и Англија се наоѓаат на чело на инвестирањето во Турција“, пишува дека Турција од 2003 година наваму привлече директни странски инвестиции во износ од 165 милијарди долари во голем број сфери од индустријата до финансиите, од енергијата до транспортот и од рударството до секторот на мало. Холандија, САД и Англија реализираа 3 отсто од вкупните инвестиции.

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Ханде Ќуден стана првата Турчинка која е примена во Берлинската филхармонија“, информира дека турската виолинистка Ханде Ќуден е примена за постојана членка на Берлинскиот филхармониски оркестар со што е фрлено потпис на една новина. 28 годишната Ханде Ќуден како прва турска виолинистка која е примена во Берлинскиот филхармониски оркестар, фрли потпис на еден успех којшто буди гордост.

 



Слични вести