Турски печат 09.12.2020

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

1542101
Турски печат 09.12.2020

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Претседателот Ердоган и подари на Џамијата Ајасофија слика со калиграфија“, пишува дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на Големата Џамија Аја Софија, односно „Ајасофја-и Кебир Џами-и Шерифи“ во Истанбул која по изминати 86 години беше повторно отворена за верски обред и подари слика со калиграфија, т.е. уметноста „хат“. На сликата со калиграфија изработена од страна на хаттатот (калиграфот) Мехмет Озчај се напишани 159-от и 160-от ајет на сурата Ал-и Имран од последната света книга Куранот (Куран-и Керим).

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Изјава од министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во врска со Европската унија (ЕУ)“, информира дека министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу по остварената средба со унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто на одржаната заедничка прес-конференција вчера во Анкара, истакна дека проблемите со Европската унија (ЕУ) можат да се решат само со дијалог и дипломатија. Министерот Чавушоглу рече дека Европската унија (ЕУ) треба да прземе улога на чесен посредник по прашањата во врска со Грција.

„Значајни изјави од Омер Челик“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Хурријет“, кадешто им се одделува место на изјавите на портпаролот на владејачката Партија за правда и развој (АК Партијата) Омер Челик коишто ги даде по вчерашниот состанок на Централниот одлучувачки и управен одбор (МКЈК). Омер Челик покажа остра реакција на признавањето на т.н. „Република Нагорно Карабах“ од страна на Франција и го рече следното: „Франција, ја признава независноста на Карабах. Признавањето на  т.н. Република Нагорно Карабах значи дека се одобрува тамошната окупација. Тоа е состојба спротивна и на резолуциите на Обединетите нации (ОН).“

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Порака од министерот Варанк за инвестирање во Турција“, информира дека министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк на 7. Состанок на Мешовитата економска комисија (КЕК) помеѓу Турција и Унгарија што се одржа вчера во Анкара, истакна дека е влезено во нов период кога оние кои ќе имаат доверба и ќе инвестираат во Турција, ќе заработат повеќе од очекуваното. Министерот Мустафа Варанк го упати и следниот повик: „За нас нема странски инвеститор, туку претприемач. Дојдете запознајте се со турското гостопримство, инвестирајте во Турција.“

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Развиен од страна на турските научници! Од Синоп е лансиран во вселената, ја заврши својата задача, се врати назад“, информира дека технологијата на зрачење развиена од страна на турските истражувачи од Техничкиот универзитет Блиски Исток (ОДТУ) успешно ја заврши својата задача во вселената и се врати на Земјата. На тој начин, Мерачот на зрачење кој е развиен за прв пат во Турција и кој со „Ракетата Сонда 0.1“ од страна на компанијата за Ракетна индустрија и трговска корпорација „РОКЕТСАН“ беше лансиран во вселената од Тест центарот во Синоп, успешно ја заврши својата задача за време на двете вселенски патувања и потоа повторно се врати на Земјата.

 



Слични вести