Турски печат 07.12.2020

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

1540650
Турски печат 07.12.2020

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Министерството за надворешни работи: Грција продолжува со активностите за зголемување на затегнатоста“, пишува дека портпаролот на Министерството за надворешни работи Хами Аксој одговараше на поставеното прашање во врска со вестите коишто се појавуваат во грчкиот печат во однос на тоа дека како што се наведува „Турција ги зголемува своите воени активности во Егејот и Средоземното Море пред Самитот на Европската унија (ЕУ)“. Велејќи дека вестите коишто се појавуваат по ова прашање се невистинити, портпаролот Хами Аксој го рече следното: „Спротивно на тоа, Грција соопшти дека почнувајќи од 20 октомври ќе реализира 24 воени активности во Егејот и Источниот Медитеран со што продолжува со нејзините воени активности за провокација и зголемување на затегнатоста во регионот.“ Портпаролот Хами Аксој го подвлече и следното: „Грција своите билатерални прашања со Турција може да ги реши само со седнување на маса со Турција и со соработка и дијалог, а не надевајќи се на помош од други.“

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Министерството за национална одбрана соопшти: Во 28 операции се неутрализирани 58 терористи“, информира дека според објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана, во реализирани 28 операции во последниот еден месец се неутрализирани 58 терористи.

„Бродот за дупчење 'Кануни' подготвен за задача“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Сабах“, кадешто им се одделува место на изјавите на министерот за енергија и природни ресурси Фатих Донмез кој информира дека третиот брод на Турција за дупчење (сондажа) „Кануни“ се подготвува да ги започне активностите за дупчење во Црното Море. Министерот Фатих Донмез вчера на својот профил на социјалната мрежа Твитер сподели видео со снимки на бродот и го напиша следното: „Кануни се подготвува да отплови кон Црното Море за дупчење (сондажа). Кулата е споена. Започна одбројувањето...“

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Истанбулскиот аеродром стана аеродром со најмногу летови во Европа“, пишува дека според податоците на Европската организација за безбедност на воздушната навигација (ЕУРОКОНТРОЛ), Истанбулскиот аеродром во периодот помеѓу 28 ноември и 4 декември стана аеродром од којшто се реализирани најголем број летови во Европа. Истанбулскиот аеродром на 28 ноември реализира 471 еден, на 29 ноември 542, а на 30 ноември 496 летови со што ги остави зад себе по бројот на дневно остварените летови, водечките аеродроми на Европа.

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Изненадување во Фоча! Датира од пред приближно 250 години“, информира дека за време на работите коишто се водат од страна на турските научници, во морето во близина на населеното место Фоча кај градот Измир, е откриена потоната воена галија за којашто се претпоставува дека потонала на крајот на 18-от век и чии делови се распространети на еден широк простор во морето. Започнати се детални активности за утврдување на податоците во врска со тоа на која земја во тоа време и припаѓала оваа галија и со каква цел била користена.



Слични вести