Турски печат 03.12.2020

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1538651
Турски печат 03.12.2020

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Остра реакција од Чавушоглу до Помпео кој на состанокот на НАТО ја обвини Турција“, информира дека остар беше одговорот на министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу до американскиот државен секретар Мајк Помпео, кој на последниот состанок на НАТО учествуваше во име на администрацијата на Доналд Трамп ја постави на цел Турција. Мевлут Чавушоглу кој одговори на зборовите на американскиот државен секретар, истакна дека Соединетите Американски Држави (САД) ги поддржуваат терористичките формации во Сирија и дека европските држави се обединети на фронтот против Турција.

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Критична изјава од Акар за Нагорно Карабах“, пишува дека министерот за национална одбрана Хулуси Акар даде изјави во врска со турските војници кои ќе бидат на задача во Нагорно Карабах. Министерот Хулуси Акар го рече следното: „Сега се гради Заедничкиот турско-руски центар. За кусо време нашите другари ќе бидат таму на задача. Ќе работат турски и руски генерали, турските и руските офицери ќе извршуваат заедничка задача за надгледување на примирјето и за негово доведување во трајна состојба.“

„ТРТ Ворлд Форум 2020 заврши со изјави кои се наоѓаат на дневен ред“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Сабах“, кадешто се истакнува дека заврши „ТРТ Ворлд Форум 2020“ (TRT World Forum 2020) кој располага со големо влијание во светски рамки и оваа година се одржа на тема „Меѓународниот поредок и променливите динамики во светот по пандемијата“. Форумот на којшто се дискутираше за актуелни прашања, оваа година се одржа во виртуелна средина и беше домаќин на голем број меѓународно познати личности од голем број земји.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Се произведува во Егејот, ги засладува устите насекаде низ светот“, информира дека сувото овошје коешто зазема значајно место во извозот на турските производи се продава во над 60 земји во светот. Од извозот на суво грозје, кајсии и смокви, во блиско време кога започна новата сезона се обезбедени девизни приходи во износ од 343 милиони 282 долари. На 30 септември започна извозната сезона и на сувата смоква од којашто поголемиот дел од производството и извозот се остварува од Егејската област.

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Во ноември раст од 34,6 отсто во продажбата на автомобили“, пишува дека продажбата на автомобили во месец ноември годинава во споредба со истиот месец минатата година со раст од 34,6 отсто се зголеми на 64.357 автомобили, додека пазарот на лесни комерцијални возила со раст од 52,2 отсто достигна до 15.784. Вкупниот пазар во периодот јануари-ноември 2020 година пак, во споредба со истиот период минатата (2019) година со раст од 72 отсто достигна до бројката од 668.495.



Слични вести