Турски печат 01.12.2020

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1537260
Турски печат 01.12.2020

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Претседателот Ердоган ги соопшти новите ограничувања против Ковид-19“, информира дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган ги соопшти донесените одлуки во рамките на превентивните мерки против новиот тип коронавирус (Ковид-19). Според тоа, секој ден во работните денови на неделата почнувајќи од 21:00 часот до 05 часот по турско време ќе се применува ограничување за движење (излегување на улица) . Ова ограничување на крајот на неделата (викендите) ќе започне од 21:00 часот во петок и ќе трае до 05 часот во понеделник.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Ердоган: Наредниот месец почнуваме со вакцинирање“, им одделува место на изјавите на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кој истакна дека се следат одблизу случувањата во светот по прашањето на вакцината против новиот тип коронавирус (Ковид-19). Претседателот Ердоган рече: „Во прва етапа имаме склучено договор за 50 милиони дози. Нашите граѓани ќе можат да имаат пристап до вакцина бесплатно.“ Претседателот Ердоган соопшти дека од наредниот месец ќе почне вакцинацијата на здравствените работници.

„Грција прави грешка со тоа што бара решение на други врати“, гласи насловот на веста на страниците на денешниот весник „Хурријет“, кадешто им се одделува место на изјавите на министерот за национална одбрана Хулуси Акар кој истакна дека Грција со инает се воздржува од разговори во Источниот Медитеран и дека прави грешка со тоа што бара решение на други врати. Министерот Акар напомена дека страната која ја зголемува затегнатоста по прашањето на Источниот Медитеран е Грција и додаде дека Турција се обидува да направи сѐ што е неопходно за решение.

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Азербејџанската армија влезе во Лачин кој 27 години е под окупација“, пишува дека азербејџанската армија влезе во градот Лачин кој 27 години како се наоѓа под окупацијата на Ерменија. Лачин се наоѓа на границата со Ерменија и е единствениот пат помеѓу Нагорно Карабах и Ерменија. Поради стратешкото значење на патот којшто се нарекува „Коридор Лачин или Лачински коридор“ за време на војната во 1990-тите години беше едната од првите цели на ерменските сили и беше окупиран на 18 мај 1992 година.

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Турција стана најбрзорастечка земја“, информира дека Турција како 51. земја која ги соопшти бројките на економски раст во третиот квартал од годината, стана најбрзорастечка земја на светот. До моментов, освен Турција со годишен раст од 6,7 отсто, позитивен раст соопштија само Кина, Тајван и Виетнам. Според тоа, Кина во третиот квартал од годината оствари годишен економски раст од 4,9 отсто, Тајван раст од 3,92 отсто и Виетнам раст од 2,62 отсто. 

 



Слични вести