Турски печат 30.11.2020

Денешните турски весници опширно пишуваат за актуелните случувања во земјава и светот

1536692
Турски печат 30.11.2020

 

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Пораката на Ердоган за Ерусалим и Палестина до светот“ ја обавува изјавата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган кој рече дека „Турција на сите платформи излегува во пресрет на каузата за Ерусалим и дека со сите сили се ангажираме за окончување на окупацијата, зулумите и политиката на геноцид врз Палестинците. Ердоган рече: „Ние ќе ја продолжиме нашата борба со решителност сè додека не се формира независна, соседна и суверена палестинска држава со главен град Источен Ерусалим, согласно резолуциите на Обединетите нации и врз основа на Арапската иницијатива за мир и границите од 1967 година“.

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Домашната вакцина на Турција, со исти карактеристики со вакцините на „BioNTech“ и „Модерна“ истакнува дека во развојот на вакцината против коронавирус при Одделот за медицинска генетика на Селџучкиот Универзитет првпат се користи генетска технологија која се заснова на m RNA. Истражувањата и студиите за вакцинација кои започнаа во јуни, дојдоа во фаза на експерименти врз животни. Домашната вакцина, која ги има истите карактеристики како и вакцината развиена од компаниите „BioNTech“ и „Moderna“,во текот на летото ќе им биде достапна на луѓето.

Новинскиот веб портал „Хабер Турк“ во веста под наслов „Висината на столбовите на мостот Чанакале 1915 година ја надмина висината на Ајфеловата кула“ истакнува дека висината на мостот Чанакале 1915 година, кој ќе ги поврзе европската и азиската страна на Чанаккале (Дарданелите), ја помина Ајфеловата кула од 300 метри, симболот на Париз. Кога ќе заврши изградбата на мостот, чии столбови достигнаа висина од 318 метри, ќе стане најголемиот мост со среден распон во светот.

Весникот „Хуријет“ во веста под наслов „Се очекуваат нови рекорди на Истанбулската берза“ истакнува дека со изјавата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган „Нова ера во економијата“, индексот БИСТ 100 порасна 4 последователни недели во ноември. Индексот БИСТ 100, кој минатата недела повеќепати го собори рекордот на највисоко ниво, го достигна својот историски врв од 1.351,65 поени. Експертите сметаат дека ќе се зголеми оптимизмот во индексот БИСТ 100.

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Серијата Дирилиш Ертугрул повторно ја оживеа имагинацијата на муслиманите“ истакнува дека продолжува да се дискутира за влијанието на серијата „Дирилиш Ертугрул“ врз светските канали. Познатата серија на Турската радио и телевизија (ТРТ) која беше објавена во 72 земји, успеа да влезе во секојдневниот живот на луѓето од Палестина до Пакистан, во многу региони од Азија до Африка. Во една статија на веб-страницата „Middle East Eye“ (Окото на Блискиот Исток) беше истакнато дека серијата повторно ја оживеа имагинацијата на муслиманите ширум светот.



Слични вести