Турски печат 27.11.2020

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1535232
Турски печат 27.11.2020

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Критични договори помеѓу Турција и Катар“, пишува дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган го пречека со официјална церемонија катарскиот емир Шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани кој вчера допатува во посета на Турција. По средбата лице в лице помеѓу претседателот Ердоган и катарскиот емир Ал Тани и меѓуделегациските разговори, во претседателската палата „Куллијето“ беше организирана церемонија на потпишување на низа договори помеѓу двете земји. Во присуство на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и катарскиот емир Шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани, беа потпишани 10 договори помеѓу двете земји.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Октај: Треба да усвоиме заеднички став во палестинското прашање“, информира дека потпретседателот Фуат Октај вчера преку линк во живо учествуваше на завршната седница на ниво на министри на 36. состанок на Постојаниот комитет за економска и трговска соработка на Организацијата за исламска соработка (ИСЕДАК), а кој поради пандемијата на новиот тип коронавирус се одржа во вируелна средина. Потпретседателот Фуат Октај во своето овдешно излагање, рече: „Треба да усвоиме заеднички став во палестинското прашање. Затоа под итно треба да ги преземеме неопходните чекори коишто ги очекуваат нашите палестински браќа и исламскиот уммет.“

„Претседателот на Собранието Шентоп: Обединетите нации (ОН) се многу далеку од усполнување на своите организациски мисии“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Ватан“, кадешто им се одделува место на изјавите на Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп кој вчера изјави дека еден дел од меѓународните организации и особено Обединетите нации (ОН) се многу далеку од исполнување на своите организациски т.е. основачки мисии. „Мислам дека меѓународните организации треба да бидат во услуга на интересите на целото човештво, а не на интересите на само одредени земји и дека постои потреба од извршување на обемни реформи во оваа насока.“ - рече претседателот на Собранието Мустафа Шентоп.

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Реакција од министерот Хулуси Акар до Франција во врска со Нагорно Карабах“, информира дека министерот за национална одбрана Хулуси Акар во врска со усвоената предлог-резолуција на францускиот Сенат за признавање на т.н. „Република Нагорно Карабах“, го рече следното: „Франција, како копретседател на Групата Минск на Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ) треба да биде неутрална (непристрасна). Оваа одлука пак, уште еднаш покажа дека тоа не е така и дека Франција не е дел од решението во врска со Карабах, туку е дел од проблемот.“

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Министерот Сојлу велејќи 'за прв пат соопштувам' рече: Најниска бројка во историјата“, им одделува место на изјавите на министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу кој во својата дадена изјава вчера го рече следното: „Турција, денеска за прв пат се доближи толку блиску до крајот на тунелот во борбата против тероризмот. Моменталната бројка ја соопштувам за прв пат. Моментално бројот на терористите внатре во земјата опадна на 320. Оваа бројка е најниската бројка во историјата.“

 



Слични вести