Турски печат 26.11.2020

Денешните турски весници опширно пишуваат за актуелните случувања во земјава и светот

1534494
Турски печат 26.11.2020

 

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Изјавата на Ердоган за домашна вакцина“ истакнува дека претседателот на државата и претседател на Партијата за правда и развој (АК партија), Реџеп Тајип Ердоган во вчерашниот говор на седницата на пратеничката група во Собранието ја објави радосната вест за истражувањата за домашната вакцина. Во врска со борбата против новиот вид коронавирус (Ковид-19), Ердоган рече: „Дојдовме на важно место во врска со нашата вакцина. Најдоцна во април планираме нашата вакцина да ја доведеме на ниво на апликација“.

Весникот „Хуријет“ во веста под наслов „По состанокот на СНБ на земјата објавено соопштение во кое беше потенцирано дека Турција ќе преземе чекори против операцијата Ирини“ истакнува дека по вчерашниот состанок на Советот за национална безбедност на Турција (СНБ) кој се одржа во претседателскиот комплекс во Анкара, под претседателство на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, беше објавено соопштение во кое беше истакнато: „Остро беше осудена неодамнешната еднострана интервенција во рамките на операцијата Ирини, која целосно се коси со меѓународното право и сојузничките односи. Турција ќе преземе неопходни чекори на секое поле против споменатата имплементација“.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Министерот Коџа: Нашата прва домашна вакцина е спремна за употреба“ ја објавува изјавата на Министерот за здравство Фахретин Коџа кој во вчерашната изјава рече: „Нашата прва домашна вакцина произведена согласно меѓународните стандарди е спремна за употреба. Сите производствени процеси на вакцината против титанус-дифтерија од типот за возрасни целосно беа завршени со домашни можности“.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Министерот Варанк рече дека Турција е рангирана во топ 5“ ја објавува изјавата на Министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк кој во вчерашната изјава рече дека Турција со големите постројки за производство на опрема за ветерни турбини се наоѓа меѓу првите 5 земји на Европа.

Новинскиот веб портал „Хабер Турк“ во веста под наслов „Возбудливо откритие во Караман“ истакнува дека во рамките на археолошките ископувања извршени во три региони во областа Ерменек во Караман, беа откриени десетици карпести гробници, цистерни во римскиот период и бедеми на тврдини.



Слични вести