Турски печат 25.11.2020

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1533793
Турски печат 25.11.2020

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Ердоган разговараше со Путин за Карабах“, пишува дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган оствари телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин. Во телефонскиот разговор, двајцата лидери Ердоган и Путин, го разгледаа прашањето за зголемување на трговскиот обем помеѓу Турција и Русија, а разговараа и за случувањата во Нагорно Карабах, Сирија и Либија.

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Турција на пиратскиот претрес ќе одговори на терен“, информира дека министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу покажа реакција на незаконското стопирање и извршениот незаконски претрес во спротивност со меѓународното право на турскиот трговски брод, во Источниот Медитеран. Министерот Чавушголу својата реакција ја изнесе со зборовите: „Упадот, искачувањето, на трговските бродови претставува кршење на правото. Одговорот ќе го дадеме на терен, а ќе ги следиме и правните и политичките процеси. Ќе направиме сѐ што е потребно. Тоа е инструкцијата на нашиот претседател.“

„Азербејџанската армија влезе во Келбеџер кој 27 години се наоѓаше под окупација“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Ватан“, кадешто се истакнува дека азербејџанската армија влезе во градот Келбеџер кој 27 години како се наоѓаше под окупација. Откако заврши рокот што му беше даден на Ерменија за да го напушти Келбеџер, Министерството за одбрана на Азербејџан соопшти дека азербејџанската армија влезе во Келбеџер.

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Лекција по човештво од азербејџанските војници, до светот“, информира дека азербејџанските војници му помогнаа на ерменското население да излезе од областите во кои беше незаконски населено, на окупираните азербејџански територии. Видеото со зборовите на азербејџанскиот командант упатени до ерменските цивили со кои се сретнува на терен наиде на голем одек во социјалните медиуми. Во видеото азербејџанскиот командант им се обраќа на ерменските цивили со следните зборови: „Ако сакате можете да останете овде како азербејџански граѓани. Ако сакате можете да си одите. Никој нема да се однесува лошо кон вас. И претходно ви помогнавме. Ве испративме со почит.“ 

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Турски делегат во САД“, пишува дека меѓу 538 делегати (електори) кои ќе го изберат новиот претседател на Соединетите Американски Држави (САД) за прв пат се наоѓа и еден турски делегат. Турската делегатка Дерја Ташкин во дадената изјава во врска со односите помеѓу Турција и САД го рече следното: „Не мислам дека откако ќе дојде Џо Бајден ќе се појави одреден проблем во односите помеѓу двете земји, бидејќи тие се две силни сојузници, НАТО партнери. Турција е силна земја, НАТО сојузник, кој и да дојде не може да го изостави тоа од вид.“ 

 



Слични вести