Турски печат 24.11.2020

Денешните турски весници опширно пишуваат за актуелните случувања во земјава и светот

1533196
Турски печат 24.11.2020

Весникот „Хуријет“ во веста под наслов „12 часа разбојништво“ истакнува дека германските морнари, занемарувајќи го меѓународното право,  го запреа и претресоа турскиот брод Розелина А, кој пренесуваше храна за Либија. Германците кои на бродот не можеа да најдат ништо друго освен хуманитарна помош, околу 16 часа подоцна го напуштија бродот. Турција ја осуди операцијата и на Европската унија (ЕУ), Италија и Германија им врачи нота.

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Неприфатливо е незаконското пребарување на турскиот брод“ ја објавува изјавата на портпаролот на Министерството за надворешни работи Хами Аксој кој рече дека навистина е дискутабилна непристрасноста на операцијата Ирини на ЕУ во Средоземното Море, без да се консултира со легитимната влада на Либија, Турција и НАТО. Аксој рече дека ја оспорува непристрасноста на операцијата и неприфатлив е двојниот стандард и незаконското однесување  врз турските бродови (незаконскиот претрес на бродот) коишто пренесуваат храна за Либија.

Новинскиот портал „Хабер Турк“ во веста под наслов „Турција беше победник во Либија“ го објавува коментарот на американскиот експерт Џејсон Пак кој рече дека димензијата на војната во Либија во воздух од стратешки аспект се водеше од страна на странските земји и дека победник во оваа војна беше Турција. Лидерот на нелегитимните сили Калифа Хафтар со поддршка на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) е страната којашто ја започна војната со Либиската национална армија, рече Пак потенцирајќи дека рече дека Хафтар ја изгуби војната наспроти Турција којашто ја започна на почетокот на оваа година и беше поразен против новите воени технологии, особено вооружените беспилотни летала на Турција.

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Новите сопственици на небото, турски вооружени дронови (СИХА)“ истакнува дека шпанскиот угледен весник „Ел Паис“ објави напис со пофалби на сметка на беспилотни летала на Турција. Во веста „Нови сопственици на небото“ беше наведено дека турските вооружени беспилотни летала (дронови) се многу подобри и поефикасни од аспект на трошоците и ефектите во споредба со другите воздушни средства што се користат во војните. Нивната ефикасност е и во тоа што го снимаат уништувањето на целите и на тој начин се претвораат во моќно оружје за пропаганда Тие се многу ефикасни во деморализирањето на непријателот“ истакна весникот.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Турција земја која најмногу се преферира за змискиот туризам“ истакнува дека руските и украинските туристи кои годинава не можат да одат на Алпите, оваа година рутата ја  свртија кон Турција. Големата побарувачка резервациите во хотели ги зголеми за 80 отсто. Оваа зима скијачките центри во Турција ќе поминат интензивна сезона.



Слични вести