Турски печат 23.11.2020

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1532412
Турски печат 23.11.2020

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Ердоган: Ние сме единствената земја на НАТО која војува гради в гради со ДЕАШ“, му оделува место на говорот на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кој во своето обраќање до лидерите на Самитот на Г-20, го рече следното: „И покрај тоа што сме оставени сами до денеска фативме приближно 9 илјади странски терористи и ги вративме назад во нивните матични земји. Ние сме единствената земја членка на НАТО која војува гради в гради (директно) против терористичката организација ДЕАШ во Сирија.“ 

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Соопштение од Министерството за национална одбрана во врска со одобрението за испраќање војска во Азербејџан“, пишува дека во објавеното соопштение од страна на Министерството за национална одбрана во врска со усвоеното одобрение за испраќање турски војници во Азербејџан, се истакнува следното: „Турските војници 'Мехметчик' во заедничкиот центар што ќе се формира со Русија и во активностите коишто ќе бидат водени во овој центар, ќе бидат на задача во времетраење од 1 година.“

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Германскиот печат: Европските земји не можат да се справат со турските наоружани беспилотни летала (СИХА)“, информира дека информативниот веб портал по име „Тагесшау“ кој емитува во Германија, упати пофалби за турските наоружани беспилотни летала (СИХА). Во веста на овој германски информативен веб портал се истакнува дека наоружаните беспилотни летала (СИХА) коишто му ги даде Турција на Азербејџан во затегнатоста со Ерменија, ѝ обезбедија голем придонес на оваа земја. Во веста се вели дека ниту еден противвоздушно одбранбен систем со којшто во моментов располагаат европските земји не може да се справи со турските наоружани беспилотни летала (СИХА).

„Тестиран... Најпрвин ќе ги користи проектилите СОМ“ гласи насловот на веста на страниците на денешниот весник „Хурријет“, кадешто се вели дека министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк го тестираше националниот турбоџет мотор кој е развиен од страна на Кале Ар-Ге. Министерот Мустафа Варанк, го рече следното: „Со овие мотори коишто се развиени од страна на Кале и кои ќе ги предадеме во најскоро време, ќе биде надминат еден многу голем надостаток во нашата земја.“ Националниот турбоџет мотор најпрвин ќе се користи во сериското производство на муницијата Стенд-оф како потреба на Командата на воздушните сили.

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „12-годишното турско дете кое живее во САД, се пласира меѓу првите 100 во шах, во светот“, информира дека 12-годишниот турски ученик Каган Уз кој живее во САД, се пласира меѓу првите 100 ученици свои врсници во шах, во светот. Турскиот ученик Каган Уз кој почнал да игра шах уште на 6 годишна возраст и кој од своите 9 години редовно играл шах, го рече следното: „Сакам да бидам добар шахист, сакам да продолжам да играм, не планирам да застанам.“



Слични вести