Турски печат 19.11.2020

Денешните турски весници опширно пишуваат за актуелните случувања во земава  светот

1530299
Турски печат 19.11.2020

 

Весникот „Јени шафак“ во веста под наслов „Станавме земја којашто самостојно може да ги надмине сите тајни и отворени ембарга“ го објавува говорот на претседателот Реџеп Тајип Ердоган кој во рамките на свеченото отворање на зградата за промоција на новите системи на националната компанија за одбранбена индустрија Аселсан рече дека и покрај сите тешкотии на глобалните добавувачи, тајните и отворени ембарга што ги спроведуваат врз Турција, ние станавме земја која што самостојно може да ги надмине тешкотиите. Ние сме земја којашто на Листата на 100 најдобри светски компании за одбрана сме застапени со 7 компании. Само во последните 5 години, 5 наши компании влегоа на оваа листа“.

Весникот „Хуријет“ во веста под наслов „Изјавата на министерот за здравство Фахретин Коџа за вакцината“ ја објавува изјавата на министерот за здравство Фахретин Коџа кој во врска со истражувањата за вакцината на турските доктори проф. Д0р Угур Шахин и д-р Озлем Туреџи рече дека успехот на овој брачен пар со нивната биотехнолошка компанија БиоНТех која оствари заеднички истражувања со американската компанија Фицер најверојатно во декември ќе резултира со стекнување лиценца и одобрение за производство на вакцината. Министерот Коџа рече дека домашната вакцина постои можност да почне да се употребува во април.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Изјавата на министерот Варанк за домашниот автомобил“ ја објавува изјавата на министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк кој рече дека почнале со спроведувањето на проектот на домашниот автомобил кој има мошне големо значење од аспект на светската конкурентност. Овие возила на пазарот ќе се појават кон крајот на 2022 година и 51 отсто од автомобилот ќе биде од домашно производство. Во 2026 година стапката на домашно произвдоство ќе се искачи на 68 отсто.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Турција земја која предизвикува најголема восхит кај арапскиот свет!“ истакнува дека растечкиот престиж на Турција на Блискиот исток беше докажан и од страна на американската истражувачка компанија. Тинк-тенк здружението „Арапски центар“ со седиште во САД, спроведе истражување во 13 арапски земји. Според резултатите од анкетата  на арапското јавно мислење, Турција е најомилена земја од аспект на надворешна политика.

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Наградата за најдобар аеродром во дигитална трансформација во Европа за  Истанбулскиот аеродром“ истакнува дека Истанбулскиот аеродром, од страна на Меѓународниот совет за аеродроми (АЦИ) во рамките на доделувањето на16-те награди на Европа АЦИ,  беше награден со наградата  за најдобар аеродром во дигитална трансформација во Европа.

 



Слични вести