Турски печат 13.11.2020

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1526982
Турски печат 13.11.2020

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Ердоган: Турција веќе е во вселенската лига“, им одделува место на изјавите на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кој истакна дека Турција со своите домашни и национални сателитски активности веќе е во вселенската лига. Претседателот Ердоган рече: „Успешно се завршени тестовите за лансирање на целосно национално произведен сателит. Со овие тестови четири пати стигнавме до вселената.“ Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган напомена дека ќе продолжат да се појавуваат пред народот со радосни вести за нови успеси во секоја сфера.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Улогата на турските беспилотни летала (ИХА) во победата на Азербејџан“, пишува дека според поранешниот амбасадор на Соединетите Американски Држави (САД) во Азербејџан и поранешен американски заменик  државен секретар Метју Брајза, постигнатиот толку добар перформанс на азербејџанската армија во војната против Ерменија се должи на турските беспилотни летала (ИХА). Велејќи дека турските беспилотни летала (ИХА) беа во зачудувачки степен ефикасни, Метју Брајза го оцени за неверојатен овој успех. 

„Турција ќе стане логистичка супер сила во светот“ гласи насловот на веста на страниците на денешниот весник „Хабертурк“, кадешто им се одделува место на изјавите на министерот за транспорт и инфраструктура Адил Караисмаилоглу кој истакна дека во Турција ќе се формира железнички бренд којшто задоволството на патниците ќе го издигне на високо ниво вклучувајќи ја и инфраструктурата и напомена дека наредните години ќе бидат години на железничките пруги. Нагласувајќи дека Турција со инвестициите ќе стане логистичка супер сила во светот, министерот Адил Караисмаилоглу информира дека по новите случувања во Азербејџан се планира да биде изградена железничка пруга кон Нахчиван и дека при крај се работите за студиски план. 

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Бројот на терористите кои се предадоа се доближи до 200“, пишува дека продолжуваат бегствата од сепаратистичко-терористичката организација ПКК и дека по пат на убедување вчера во градот Ширнак се предаде уште еден терорист. На тој начин бројот на терористите на крволочната ПКК која е дојдена до точка на колапс, кои се предадоа од почетокот на годината досега достигна до 197.

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Позната компанија потпиша договор за соработка со Турција“, информира дека Турската воздухопловна и вселенска индустрија (ТУСАШ) и компанијата „Боинг“ потпишаа договор за соработка по прашањето на производство на термопластични делови во Турција. Во фабриката којашто ќе биде изградена во Турција со домашни и национални можности ќе се произведуваат термопластични композитни делови во светски стандарди.

 



Слични вести