Турски печат 11.11.2020

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1525636
Турски печат 11.11.2020

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Изјави од претседателот Ердоган“, информира дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган вчера говореше на церемонијата на сеќавање на големиот лидер и основоположник на Република Турција Мустафа Кемал Ататурк на 82. годишнина од неговата смрт, што се одржа во Конгресниот и културен центар „Миллет“ во претседателската палата во Бештепе, во Анкара, а во организација на Институцијата за култура, јазик и историја „Ататурк“. Претседателот Ердоган овде даде значајни пораки во врска со економијата и притоа нагласи дека Турција пред 100 години се спаси од капитулациите благодарение на Мустафа Кемал Ататурк, додека денеска продолжува да се води борба против модерните капитулации. „Онака како што овозможивме нашата земја досега да ги постигне своите цели во голем број сфери, ќе водиме обиди да влезе меѓу првите 10 земји и во економијата. Верувам дека ова ќе биде најголемиот подарок за Гази Мустафа Кемал Ататурк.“ - рече претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Министерот Чавушоглу: Пашинјан на крајот мораше да се предаде“, пишува дека министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу вчера во Анкара одржа заедничка прес-конференција со киргискиот министер за надворешни работи Руслан Казакбаев. Чавушоглу во врска со прогласениот прекин на огнот помеѓу Ерменија и Азербејџан го рече следното: „Страната која секогаш го прекрши прекинот на огнот и која бараше војна, беше Ерменија. И, Ерменија тешко ја плати сметката за тоа. Синоќа е потпишан прекин на огнот меѓу 3 земји. Пред нас е прашањето како ќе се надгледува тоа.“

„Порака за Азербејџан од портпаролот на претседателскиот кабинет Калин“ гласи насловот на веста на страниците на денешниот весник „Ватан“, кадешто се истакнува дека портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин во објавеното соопштение на својот профил на социјалната мрежа Твитер, го напиша следното: „Карабах веќе е ослободен. Карабах е Азербејџан. Турција и во иднина ќе биде покрај Азербејџан, ѝ на терен, ѝ на маса.“

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Изјава за Азербејџан од Хулуси Акар“, пишува дека министерот за национална одбрана Хулуси Акар во врска со потпишаниот прекин на огнот помеѓу Азербејџан и Ерменија, го рече следното: „Ја честитаме победата на нашите браќа азербејџански Турци кои водеа праведна борба за враќање назад на своите сопствени територии коишто 30 години како се наоѓаат под окупација и за ставање крај на варварските напади на Ерменија, и кои ја завршија оваа борба со кренато чело. Ќе продолжиме да бидеме сплотено во едно срце со нашите азербејџански браќа и во процесот за исполнување на условите во потпишаниот договор за прекин на огнот, враќањето назад на Азербејџан на сите негови окупирани територии и повторното воспоставување на средината на мир и спокојство во регионот.“

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Од Турција за прв пат остварен извоз на месо и производи од живина на Кина“, им одделува место на изјавите на министерот за земјоделство и шумарство Бекир Пакдемирли кој истакна дека вратите на Народна Република Кина, како една од најзначајните земји увознички во светот, се отворени за секторот на живина на Турција. Министерот Пакдемирли соопшти дека од 6 ноември за прв пат е започнат извоз на месо и производи од живина од Турција за Кина.

 



Слични вести