Турски печат 09.11.2020

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1524220
Турски печат 09.11.2020

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Претседателот Ердоган: Нашите браќа азербејџански Турци беа трпеливи и стигнаа до победа“, им одделува место на изјавите на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган за време на неговиот говор што го одржа на градскиот конгрес на својата владејачка партија во Коџаели. Претседателот Ердоган својот говор го започна честитајќи им ја победата во градот Шуша на Азербејџанците кои водат борба за ослободување на Нагорно Карабах од окупација. Ердоган  рече: „ „Нашите браќа азербејџански Турци кои 30 години како речиси се запоставуваат,  залажуваат од страна на тројката од Минск и 30 години како на масата чекаат со незнајна судбина, беа трпеливи и стигнаа до победа. “

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Очите на светот ќе бидат свртени овде“, информира дека во средина кога поради пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) саемите и деловните активности т.е. бизнисот се ограничени, турската одбранбена индустрија ќе се отвори кон светот со саемот „ЕксперЕкспо“ (XperExpo) кој претставува тродимензионален виртуелен саем. На саемот којшто ќе започне односно ги отвора своите врати денеска (9 ноември) и ќе презентира саемско искуство до 9 април 2021 година и тоа блиску до реалноста, воедно ќе бидат претставени за прв пат и бројни нови производи коишто се развиени во последно време од страна на одбранбената индустрија на Турција.

„За Балканот за 10 месеци извоз од 10 милијарди долари“ гласи насловот на веста на страниците на денешниот весник „Хабертурк“, кадешто се истакнува дека на Балканските простори за 10 месеци годинава (2020) е остварен извоз во висина од 10 милијарди 213 милиони долари. Најголемиот извоз меѓу Балканските земји со 3 милијарди 47 милиони долари е остварен во Романија, а во Северна Македонија е остварен извоз од 320 милиони 200 илјади долари.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Ние сме една од неколкуте земји во светот“, пишува дека претседателот на Управниот одбор на Здружението за пребарување и спасување (АКУТ) Реџеп Шалџи истакна дека Турција е едната од неколкуте земји во светот во активностите за пребарување и спасување. Реџеп Шалџи, го рече следното: „Турција е многу силна во пребарувањето и спасувањето. Е во состојба да може да раководи со многу поголеми слики. Голем број земји во светот се восхитуваат на ова искуство, начин на работење и опременост во Турција, од аспект на пребарувањето и спасувањето. Кога одиме во странство сакаат да работат со нас. И тоа, ја покажува силата на Турција.“

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Пистата готова за Формула 1“, им одделува место на изјавите на министерот за транспорт и инфраструктура Адил Караисмаилоглу кој истакна дека трката во Формула 1 како една од најзначајните спортски организации на светот, по изминати 9 години ќе се одржи повторно на пистата „Intercity İstanbul Park“. Министерот Адил Караисмаилоглу информира дека заврши обновувањето на асфалтот на пистата и го рече следното: „Над нас ја чувствуваме одговорноста и возбудата да бидеме домаќини на една трка којашто влева гордост и му доликува на нашиот Истанбул.“



Слични вести