Турски печат 05.11.2020

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1522056
Турски печат 05.11.2020

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Чавушоглу: Треба да се поддржува територијалниот интегритет на Азербејџан“, пишува дека министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на својот профил на социјалната мрежа Твитер објави соопштение во врска со 130. Состанок на Министерскиот совет на Советот на Европа на кој учествуваше вчера преку видео-конференција. Чавушоглу го напиша следното: „Од страна на секого безусловно треба да се поддржува територијалниот интегритет на Азербејџан.“

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Министерот за трезор и финансии Берат Албајрак: Турција расте со производство“, истакнува дека министерот за трезор и финансии Берат Албајрак информираше по прашањето на економските случувања во Турција и во светот. Министерот Албајрак го рече следното: „Турција расте со производство, со создавање на додадена вредност. Тенденцијата на силно опоравување во економијата продолжи и во месец октомври.“

„Министерката Пекџан: На отворените гранични премини за Европа соборен рекорд во преминот на шлепери“ гласи насловот на веста на страниците на денешниот весник „Хабертурк“, кадешто им се одделува место на изјавите на министерката за трговија Рухсар Пекџан која го рече следното: „Преку граничните премини на нашата земја коишто се отворени кон Европа во месец октомври, вкупниот премин на влезови и излези на шлепери надмина 100 илјади од кои 70.694 преку Капикуле, 26.074 Хамзабејли и 8.700 Ипсала, со што е достигнато до најголемата бројка на премини на шлепери на сите времиња.“

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Извозот на црноморски лосос со раст од 33 отсто“, пишува дека извозот на рибата црноморски лосос од Турција, инаку риба којашто меѓу народот е позната како “пастрмка виножито“, во период од 10 месеци годинава, во споредба со истиот десетмесечен период минатата година оствари раст од 33 отсто и надмина заработени приходи од 46 милиони долари. Земји во кои е остварен најголем извоз на црноморски лосос од Турција се Руската Федерација, Виетнам и Романија.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Изјава од Селчук Бајрактар којашто возбуди“, информира дека Техничкиот директор на Бајкар и претседател на Одборот на доверители на Фондацијата на Тимот за технологија на Турција (Фондацијата Т3) Селчук Бајрактар, соопшти дека офанзивното беспилотно летало „АКИНЏИ“ за прв пат реализира целосно автономно слетување и полетување на далечно место на кое немаше контролна станица на земјата.



Слични вести