Турски печат 03.11.2020

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1520681
Турски печат 03.11.2020

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Споделена објава од претседателот Ердоган со фотографија на малата Елиф: Нека е со помин мило чедо“, пишува дека тригодишното девојче Елиф Перинчек беше извлечено и спасено од рушевините дури по изминати 65 часа по земјотресот во Бајракли во Измир и овој развој ги облеа во радост милиони граѓани зирум семјата. Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на својот профил преку социјалната медија ги сподели снимките од болницата во која е згрижено малото девојче, кое стана симбол на земјотресот. Претседателот Ердоган во својата објава го напиша следното: „Фала му на Аллах за тоа што ве подари тебе, твоите сестри Елзем и Езел, Инџи и уште голем број други наши чеда. Нека е со помин мило чедо...“

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Фатих повторно тргна во освојување! Пристигна во лежиштето Туркали-1“, информира дека во објавеното соопштение на профилот на Министерството за енергија и природни ресурси преку социјалната мрежа Твитер, се истакнува дека бродот за сондажа „Фатих“ пристигна во лежиштето Туркали-1. Во соопштението се вели дека бродот „Фатих“ ќе врши ископувања во првото откриено лежиште Туркали-1, а воедно се подвлекува следното: „Фатих бараше, најде. Ѝ сега ќе врши ископувања во првото откриено лежиште. Дупчалката ќе се врти во Туркали1.“

„Министерот Албајрак: Со сигурни чекори напредуваме на патот  на економската трансформација“ гласи насловот на веста на страниците на денешниот весник „Ватан“, кадешто им се одделува место на следните изјави на министерот за трезор и финансии Берат Албајрак: „Напредуваме со сигурни чекори на патот на економската трансформација, што го започнавме со целта за поголемо производство и вработување, поголем извоз. Нашиот извоз во месец октомври, во споредба со истиот месец минатата година оствари раст од 5,6 отсто, а во споредба со минатиот месец раст од 8,3 отсто, со што достигна до 17,3 милијарди долари. На тој начин достигнавме до највисоката бројка во месечниот извоз во историјата на земјата.“

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Голем успех од 'Туркиш Карго' “, пишува дека „Туркиш Карго“ (Turkish Cargo) како успешен бренд за воздушен транспорт на товар на Турската авиокомпанија „ТХЈ“ (Туркиш Ерлајнс), од страна на „Air Cargo News Awards“ за 2020 година којшто оваа година е организиран по 36-ти пат, е избран за најдобар бренд за воздушен транспорт на товар. „Туркиш Карго“ (Turkish Cargo) ја доби наградата „Best Cargo Airline-Europe' т.е. „Најдобра карго авиокомпанија на Европа“.

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Украинско чудо во октомври“, информира дека во Анталија во месец октомври дојдоа 700 илјади 90 туристи, а во периодот од 10 месеци пристигнаа вкупно 3 милиони 276 илјади 627 туристи. Земја која годинава испрати најголем број туристи во Анталија е Русија со 1 милион 402 илјади лица. Во месец октомври пак, од Украина во Анталија дојдоа 102 илјади туристи, што во споредба со минатиот месец претставува раст од 41 отсто.

 



Слични вести