Турски печат 30.10.2020

Денешните турски весници опширно пишуваат за актуелните случувања во земјава и светот

1518429
Турски печат 30.10.2020

 

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Ердоган рече дека нашата борба за независност нема да заврши“ ја објавува изјавата на претседателот Реџеп Таип Ердоган кој вчера на отворањето на Изложбата на националната борба по повод 97-та годишнина на Републиката во Анкара рече: „Никогаш нема да заврши борбата за независност на нашата нација. Ние ќе продолжиме да ја носиме нашата земја кон нејзините цели".

Новинскиот веб-портал „Хабер Турк“ во веста под наслов „изјавата на Путин за Карабах и Турција“ ја објавува изјавата на рускиот претседател Владимир Путин кој рече дека на преговорите за конфликтот во Карабах треба да учествуваат многу земји, вклучувајќи ја и Турција.

Весникот „Хуријет“ во веста под наслов „Алтун го осуди терористички напад во Франција“ ја објавува изјавата на Директорот за комуникации Фахретин Алтун кој вчера на својот профил на социјалните мрежи истакна: "Ние безрезервно и безусловно го осудуваме терористичкиот напад во Ница, Франција. Ваквото несовесно насилство нема никаква врска со исламот или муслиманите“.

Весникот „Јени Шафак во веста под наслов „Објава на слики од авионски мотор од домашно производство од Селчук Бајрактар“ истакнува дека техничкиот менаџер на компанијата „Бајкар“ Селчук Бајрактар на својот профил на Твитер сподели објава за националниот дизајн на авионскиот мотор од домашно производство развиен од ТУСАШ Мотор Санаји АШ (ТЕИ). Бајрактар во објавата ги сподели сликите на тестирање на домашниот мотор.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Големиот републикански концерт од претседателскиот симфониски оркестар“ истакнува дека во рамките на одбележувањето на 29 октомври, Денот на Републиката, синоќа во соработка со Дирекцијата за комуникација и Министерството за култура и туризам се одржа „Големиот републички концерт“. Концертот го одржа претседателскиот симфониски оркестар во зградата на парламентот на античкиот град Патара во Анталија.



Слични вести