Турски печат 23.10.2020

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во денешните изданија овде во Турција...

1514371
Турски печат 23.10.2020

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Ердоган разговараше со иранскиот претседател“, пишува дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган оствари телефонски разговор со иранскиот претседател Хасан Рухани. Според објавеното соопштение од одделот за комуникации на претседателството, во телефонскиот разговор беа разгледани прашања посветени на развојот на односите помеѓу Турција и Иран и соработката против тероризмот, а исто така беа разгледани и регионални прашања на чело со случувањата со прашањето помеѓу Азербејџан и Ерменија и Сирија.

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Флеш изјави од министерот Акар“, информира дека министерот за национална одбрана Хулуси Акар во говорот што го одржа на воената вежба „Слободна стрелба-2020“ на полигонот генерал Нахит Шеногул во населеното место Полатли кај Анкара, во врска со случувањата во Егејското Море и Источниот Медитеран, го рече следното: „Ние ги повикуваме нашите соседи, другите институции и организации на дијалог. Дојдете да разговараме, да дискутираме, овие прашања да ги решиме во рамките на правилата. Нашата желба е тоа. Надвор од тоа, залуден обид претставува тоа што особено трети страни без ум, логика, придржување кон правото, надминувајќи ги и сопствените граници и својата става, се обидуваат да поставуваат некакви правила или пак, тоа што очекуваат тие правила да бидат прифатени од наша страна.“

„Вежбата 'Слободна стрелба-2020' од Турските вооружени сили (ТВС) го одзеде здивот“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Стар“, кадешто се истакнува дека на воената вежба „Слободна стрелба-2020“ на која се презентирани силата на стрелба и оган на Турските вооружени сили (ТВС), означените цели се уништени со стопроцентна прецизност. На воената вежба „Слободна стрелба-2020“ означените цели беа погодени успешно со стопроцентна прецизност со оружја и воени системи како хаубици „Фиртина“, системи за противвоздушна одбрана „Коркут“ и национална пешадиска пушка, како оружја развиени со национални можности.

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Тестот на минијатурна бомба помина успешно“, информира дека според објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана, од страна на 401-вата Команда за тест флота, во рамките на проектот минијатурна бомба успешно е реализирана офанзивната тест-стрелба со разорувачка глава врз тврди површини.

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Помош во храна од Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) за азербејџанските цивили на фронтовата линија“, пишува дека Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) испрати помош во храна од 40 тони намената за азеребјџанските цивили кои живеат во близина на фронтовата линија и кои се погодени од нападите коишто се реализираат од страна на Ерменија.

 

 



Слични вести