Турски печат 22.10.2020

Денешните турски весници опширно пишуваат за актуелните случувања во земјава и светот

1513790
Турски печат 22.10.2020

 

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Портпаролот на претседателството Калин остро реагираше на изјавата на Пашинјан“ истакнува дека портпаролот на претседателството Ибрахим Калин рече дека мирот и стабилноста на Јужен Кавказ ќе дојдат само кога Карабах ќе биде ослободен од окупација. Портпаролот Калин, во објавата преку профилот на Твитер во врска со изјавата (на ерменскиот премиер Никола Пашинијан) „Нема дипломатско решение за Карабах“, во суштина ги изнесува намерите на Ерменија. Јасно е дека сакаат војна. Ова ја потврдува исправноста на Турција и Азербејџан“.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Определен датумот кога ТУРКСАТ 5А ќе биде лансиран во вселената“ ја објавува изјавата на министерот за транспорт и инфраструктура Адил Караисамилоглу кој рече дека сателитот ТУРКСАТ 5A ќе биде испратен во вселената на крајот на ноември. ТУРКСАТ 5Б ќе биде лансиран во вториот квартал на 2021 година, додека нашиот прв национален и домашен комуникациски сателит, ТУРКСАТ 6A, во 2022 година“.

Новинскиот портал „Хабер Турк“ „Туркиш карго ќе лета за уште 6 дестинации“ истакнува дека компанијата „Туркиш карго“ кон својата мрежа на меѓународни летови додаде уште 6 дестинации. Компанијата во карго операциите ги додаде Лондон, Букурешт, Бангкок, Сингапур, Бејрут и во карго операциите.

Венсикот „Стар“ во веста под наслов „Тест за коронавирус со миење на устата од турски научници“ истакнува дека турските научници развија комплет што овозможува земање примероци со миење на устата што за 20 пати ја зголемува чувствителноста на новиот вид тестови за коронавирус (Ковид-19). Со овој метод, наместо да се земе примерок со стапче, се прави тест од водата добиена по испирање на устата.

Весникот „Хуријет“ во веста под наслов „Духовите“ од филмскиот фестивал во Варшава се враќаат со награда“ истакнува дека сфилмот „Духови“ чиј сценарио и режија се на Азра Дениз Окјај, а во продукција на Дилек Ајдин,  доби награда од 36-от Варшавски филмски фестивал. „Духовите“ беа наградени со Награда за најдобар филм од жирито на Организацијата на млади меѓународни филмски писатели.



Слични вести