Турски печат 21.10.2020

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1512990
Турски печат 21.10.2020

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Ердоган: Ќе продолжиме да бидеме покрај угнетениот“, им одделува место на изјавите на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кој истакна дека Турција нема да се откаже да стои цврсто покрај угнетениот, оштетениот, правото и правдата. Нагласувајќи дека стојат и ќе продолжат да стојат покрај оние кои насекаде низ светот од Балканот до Кавказ и од Азија до Африка, своите погледи и своето срце ги свртиле кон Турција, претседателот Ердоган рече: „Не се согласивме, нема да се согласиме еден пучист во Либија отворено пред очите на сите да ја распарчи земјата. Од се срце и со нашите можности и дадовме поддршка и ќе ја дадеме нашата поддршка на борбата на Азербејџан за ослободување на сопствените окупирани територии.“

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Порака од претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар за солидарност со Турција“, им одделува место на изјавите на новиот претседател на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар кој истакна дека за време на својот мандат ќе делува во консултација со Турција. Претседателот Ерсин Татар го рече следното: „За одбрана на интересите на кипарскиот турски народ ќе продолжат нашите врски со Турција. Гаранторството на Турција ќе продолжи. Турската Република Северен Кипар (ТРСК) ќе продолжи да постои. На северот сигурно ќе постои една држава. После ова, за одбрана на нашите права и интереси, само во овие рамки ќе продолжи процесот на дијалог со кипарско-грчката страна.“

„Голем гест од Турција за земјите кои имаат потреба“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Стар“, кадешто се истакнува дека Турција ќе им достави помош од 110 илјади тони брашно и мешункасти производи на земјите кои имаат потреба од помош. Одлуката по ова прашање беше објавена во Службениот весник. Според оваа одлука, на земјите кои имаат потреба од помош ќе им се достави неповратна помош, грант, од 100 илјади тони во пченица за брашно и 10 илјади тони во зелена леќа и наут.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Батеријата за домашниот автомобил од Турција“, се истакнува дека домашниот производител на автомобил „ТОГГ“ (TOGG) потпиша џиновски договор за технологијата на батеријата којашто ќе се користи кај електричните возила. Батериите на домашниот автомобил на Турција „ТОГГ“ (TOGG) ќе се произведуваат во Турција. Од „ТОГГ“ во врска со ова прашање беше објавено следното сопштение: „Според договорот што го постигнавме со 'Фарасис“ едниот од водечките производители на Литиум-јон (т.е. Ли-лон) батерија во светот, модулот и пакетот на батеријата ќе се произведуваат во Турција.“

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Заинтересираноста на Кинезите кон Турција“, пишува дека Кинезите кои не беа меѓу првите 20 на списокот на странци кои купуваат најмногу станови во Турција, за 9 месеци оваа година со купени 659 станови го соборија годишниот рекорд на сите времиња. Кинезите со оваа бројка станаа 12'ти странски граѓани кои купија најголем број станови во Турција. Кинезите најголем број станови купија во Истанбул.

 



Слични вести