Турски печат 20.10.2020

Денешните турски весници опширно пишуваат за актуелните случувања во земјава и светот

1512254
Турски печат 20.10.2020

 

Новинскиот веб портал „Хабер Турк“ во веста под наслов „Порака со сочувтво од Турција до Виетнам и Камбоџа“ истакнува дека по повод жртвите кои што загинаа во ураганот што ги погоди Виетнам и Камбоџа, Турција изрази сочувство за настраданите во овие земји. Во писменотос соопштение кое беше објавено од страна на Министерството за надворешни работи беше истакнато дека „со жалење беше прифатена веста за големиот број жртви и големата штета во поплавите и лизгањето на земјиштето предизвикани од ураганите Линфа и Нангка во Виетнам и Камбоџа. На роднините на оние коишто ги загубија своите животи, на пријателските народи на Виетнам и Камбоџа и нивните влади им изразуваме искрено сочувство, а на повредените посакуваме што побрзо да оздрават“.

Весникот „Хуријет“ во веста под наслов „За производство на гас во гасното поле на Сакарја ќе се отворат 40 извори“ истакнува дека Турција, во Црното Море најпрвин откри 320 милијарди, а потоа уште 85 милијарди кубни метри гас. Министерот за енергетика Фатих Донмез рече дека ќе треба да се отворат приближно 40 извори за да се започне производството на природен гас откриен во гасното поле Сакарија и дека работат на започнувањето на производството во 2023 година.

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Турција е една од трите земји кои 2020 година ќе ја надминат со минимална штета“ ја објавува изјавата на министерката за трговија Рухсар Пекџан која рече дека не постои ниту една земја или сектор кои не се погодени од пандемијата. Во извештајот од 16 октомври објавен од Организацијата за економски развој и соработка (ОЕЦД) се истакнува; Меѓу земјите на ОЕЦД, по Кина и Јужна Кореја, Турција е трета земја која што 2020 година ќе ја затвори со најмала штета“.

Весникот „Стар“  во веста под наслов „Ќе зајакне раката на Турција во Источен Медитеран“ истакнува дека експертите изјавуваат дека со изборот на Ерсин Татар за претседател на Турската Република Северен Кипар (ТРСК), започна нова ера. Со отворњето на Мараш (Вароша), кој 46 години беше затворен, ќе се удвои националниот доход, ќе бидат заштитени правата на Кипарските Турци  кои се игнорирани пред Грците и ќе се зајакне раката на Турција во Источен Медитеран.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „8 месечен врв не Берзата Истанбул“ истакнува дека по откривањето нови резерви на природен гас во Турција, индексот БИСТ 100 на Истанбулската берза го продолжи својот тренд на пораст и повторно се искачи на нивото од 1200 што го постигна прв пат минатиот 27 јули. Индексот БИСТ 100 кој продолжува со тренд на пораст, овојпат го тестираше нивото од 1.209,47 поени и го достигна највисокото ниво во последните 8 месеци. Индексот, денот го заврши со профит од 1,06 отсто и 1,205,37 поени, овој пат остварувајќи го највисокото затворање во последните 8 месеци.



Слични вести