Турски печат 19.10.2020

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1511540
Турски печат 19.10.2020

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Изјави од претседателот Ердоган“, пишува дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган вчера во градот Ширнак говореше на 7. Вонреден конгрес на градскиот огранок на својата владејачка Партија за правда и развој АКП (АК Партијата). Овде, претседателот Ердоган покажа реакција против повторното прекршување од страна на Еременија на прогласениот прекин на огнот помеѓу Азербејџан и Ерменија. Ердоган рече: „Беше прогласен прекин на огнот, меѓутоа Ерменците повторно го прекршија. Додека се очигледни сиве овие вистини не се слуша глас од Западот. Кога ќе го повиши својот глас Турција ни велат дека не молчиме Ние нема да молчиме.“

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Одговор од Турција до Грција“, информира дека Турција го окарактеризира за „неосновано“ објавеното соопштение од страна на грчкото Министерство за надворшени работи во врска со проширувањето на сферата на одговорност за пребарување и спасување во Егејското Море и Средозменото Море. Портпаролот на турското Министерство за надворшени работи Хами Аксој, во врска со ова прашање го рече следното: „Сферите за пребарување и спасување не се сфери на суверенитет, туку сфери на услуга. Од тој аспект, ова тврдење на Грција која оваа сфера ја оценува како прекршување на нејзиниот суверенитет, а која инаку не ги опфаќа нејзините сопствени територијални води и е наменета за спасување и заштита на животите на луѓето, е далеку од правото и од хуманитарните прашања.“

„Честитка од Чавушоглу до Ерсин Татар кој е избран за претседател на Турската Република Северен Кипар“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Ватан“, кадешто се истакнува дека министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу му честита на Ерсин Татар кој е избран за претседател на Турската Република Северен Кипар (ТРСК). Министерот Чавушоглу во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер го напиша следното: „Му честитаме од сѐ срце на Ерсин Татар кој ги доби изборите за претседател на Турската Република Северен Кипар (ТРСК). Секогаш ќе работиме заедно за просперитетот, развојот и безбедноста на кипарските Турци. Сите заедно ќе ги одбраниме легитимните права и интереси на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) во Источниот Медитеран.“

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Домашниот подводен робот 'Ќашиф' (Истражувач) ја започна својата задача“, им одделува место на изјавите на министерот за енергија и природни ресурси Фатих Донмез кој информира дека домашниот подводен робот „Ќашиф“ (Kaşif-Истражувач) ја започна својата задача на бродот за дупчење (сондажа) „Фатих“. Министерот Фатих Донмез во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер го напиша следното: „Нашиот подводен робот за истражување 'Ќашиф' (Истражувач) ја започна својата задача на бродот 'Фатих'. 'Ќашиф' нашата рака и нашето око во морето, во нашите активности за дупчење (сондажа) на длабочина до 3.000 метри во морето добиените видео податоци ќе ги пренесува до главната команда и ќе ги реализира механичките работи.“

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Пофалба од германскиот печат до домашниот автомобил: Турција ја произведе сопствената 'Тесла' “, информира дека во веста објавена во „Ханделсблат“, едниот од најзначајните економски весници на германскиот печат, се нагласува дека Иницијаторската група за автомобил на Турција (ТОГГ или TOGG) формира екосистем на електричен автомобил и ја произведе сопствената „Тесла“, со што на лепезата на национални производи на земјата ќе биде додаден и автомобил. Во веста на германски „Ханделсблат“ се истакнува дека доколку цената на автомобилот којшто ќе се произведува од страна на „ТОГГ“ биде конкурентна, тоа ќе биде привлечно и за германскиот автомобилски пазар.



Слични вести