Турски печат 16.10.2020

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1510119
Турски печат 16.10.2020

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Ердоган: Каде има зулум, таму Турције е покрај угнетениот“, им одделува место на изјавите на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кој истакна дека Турција постојано е покрај угнетениот и дека не може да се остане посматрач пред зулумот. Велејќи „Во Либија има зулум. Во должина на нашата граница од 910 километри во Сирија има зулум. Во Сомалија има зулум.“ - претседателот Ердоган рече: „Во Азербејџан се врши зулум од страна на Ерменија. Тие се наши браќа. Постои одговорност којашто ни е дадена од страна на нашите предци низ историјата. Ние нема да стоиме и ќе бидеме во обид да ја исполниме нашата задача и таму.“

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Алиев: Турција би можела да формира своја база во Азербејџан“, им одделува место на изјавите на азербејџанскиот претседател Илхам Алиев кој истакна дека се ослободени од ерменска окупација приближно 40 градови, населени места и села. Нагласувајќи дека без учество на Турција не би можело да се реши било кое прашање во овој регион, претседателот Илхам Алиев истакна дека доколку неговата земја се соочи со опасност Турција таму би можела да формира своја база.

„Пашинјан ги призна поразите“ гласи насловот на веста на страниците на денешниот весник „Хурријет“, кадешто се истакнува дека ерменската армија која негирајќи го (сметајќи го за ништовен) прогласениот хуманитарен прекин на огнот во Нагорно Карабах изврши масакр врз цивилите во Генџе (Ганџа), вториот по големина град на Азербејџан, продолжува да претрпува тешки загуби на фронтот. Поразот што го доживеа Ерменија на фронтот, беше признат лично од страна на премиерот Никол Пашинјан. Соопштувајќи дека ерменските сили претрпеа тешки загуби на фронтот, Пашинјан призна дека нивните единици биле принудени да се повлечат, ѝ од северен, ѝ од јужен правец. 

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Испадна дека се празни тврдењата на Грција 'Турците не можат да ги видат нашите подморници', информира дека на некои информативни интернет страници во Грција зазедоа место тврдења во однос на тоа дека грчките подморници не можат да се утврдат и видат од страна на Турските вооружени сили (ТВС). Меѓутоа се покажа дека грчките подморници за кои се тврди дека се невидливи и дека без да бидат забележани ги следат сите активности во Источниот Медитеран, всушност се следат во секој момент од страна на елементите на Командата на турските поморски сили. Снимките по ова прашање беа објавени од страна на Министерството за национална одбрана.

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Турција се фокусира на големата радосна вест“, пишува дека по соопштената радосна вест од страна на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган за откриените 320 милијарди метри кубни резерви на природен гас, бродот за дупчење „Фатих“ во долните слоеви на дното на Црното Море стигна до нови резерви на гас. Претседателот Ердоган, утре се очекува да соопшти откриени дополнителни 80 милијарди метри кубни природен гас коишто се утврдени во истото лежиште.



Слични вести