Турски печат 15.10.2020

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1509341
Турски печат 15.10.2020

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Критичен разговор од претседателот Ердоган“, пишува дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган оствари телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин. Претседателот Ердоган во разговорот истакна дека Турција е на страната на изнаоѓање трајно решение на прашањето со Нагорно Карабах.

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Алиев: Проблемот не може да се реши без Турција“, информира дека азербејџанскиот претседател Илхам Алиев во специјалното интервју за весникот, даде значајни изјави во врска со судирите коишто се водат со Ерменија и Нагорно Карабах.

„Претседателот Ердоган: Доаѓаат нови радосни вести, ќе ги соопштиме во сабота“ гласи насловот на весникот „Јени Шафак“, кадешто се истакнува дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во говорот што го одржа пред пратениците на пратеничката група на својата партија во Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) се осврна на бројни теми. Претседателот Ердоган рече: „Доаѓаат нови радосни вести. Иншаллах (со Аллахова помош-дозвола) во сабота ќе го посетиме бродот за дупчење 'Фатих', кадешто лично на лице место ќе ги видиме работите и ќе ја соопштиме количината на новите резерви.“

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Министерот Варанк: Под претседателство на нашиот претседател ја ставаме во примена најкритичната структурална реформа во последниот период“, им одделува место на изјавите на министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк кој истакна дека е фрлен историски чекор којшто ќе му придаде уште поголема сила на екосистемот на турската индустрија и технологија. Министерот Мустафа Варанк рече: „Ставена е во примена најкритичната структурална реформа во последниот период. Под претседателство на нашиот претседател го формираме Извршниот комитет за индустријализација.“

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Ковид тест за 5 минути со плакнење на устата“, пишува дека турските научници развија нов метод со којшто се зголемува за 20 пати чувствителноста на тестовите за коронавирусот, со што е отворен патот за поставување на побрза и поверодостојна дијагноза на болеста. Со новото тестирање развиено од страна на професорите на еден приватен универзитет, наместо да се земе примерок со брис од носот доволно е пациентот да ја исплакне својата уста со неколку голтки вода. Односно со плакнење на устата се прави тест за Ковид-19, за само 5 минути.

 



Слични вести