Турски печат 13.10.2020

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1507973
Турски печат 13.10.2020

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Истап од Ердоган во врска со Источниот Медитеран“, пишува дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кој синоќа оствари телефонски разговор со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел истакна дека и покрај добронамерните приоди на Турција, Грција ги продолжува своите чекори со коишто се зголемува тензијата во Источниот Медитеран. Претседателот Ердоган  воедно напомена дека се очекуваат конкретни чекори од Европската унија (ЕУ) за да би можела да се одржи Конференцијата за Источниот Медитеран којашто е предложена од страна на Турција.

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Одговор од Министерството за надворешни работи до Грција  во врска со Оруч Реис“, информира дека Министерството за надворешни работи ги повтори своите приговори против грчкото министерство за надворешни работи од чија страна се изнесуваат неосновани тврдења во врска со објавениот „NAVTEX“ (навигациска информација, поморска предупредувачка белешка)  за активностите на бродот за сеизмички истражувања „Оруч Реис“. Во објавеното соопштение од Министерството за надворешни работи се истакнува следното: „Не е можно да се прифати тоа што се приговара на активностите на нашата земја на само 15 километри од нејзиното копно, а која инаку е земја која располага со најдолго крајбрежје во Источниот Медитеран.“

„Алтун: Ако велите она што е мое е мое, а она што е твое е предмет на преговори, не може да се преговара“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Хабертурк“, кадешто им се одделува место на изјавите на шефот на одделот за комуникации на претседателството Фахреттин Алтун кој во објавеното соопштение во врска со повторното враќање на бродот „Оруч Реис“ вчера на својата задача, го истакна следното: „По рутинското одржување се врати во Источниот Медитеран. Ќе ги продолжи своите активности во нашите морски сфери на надлежност. „Нашата порака е јасна; доколку велите 'она што ми припаѓа мене е мое, а она што е твое е предмет на преговори', не може да се преговара.“

Весникот “Сабах“ во веста под наслов „Критичен разговор помеѓу Турција и Русија“, пишува дека Министерот за национална одбрана Хулуси Акар вчера оствари телефонски разговор со рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу. Во објавеното соопштени од страна на Министерството за национална одбрана во врска со овој разговор, се вели следното: „Беа разменети мислења за нападот на Ерменија врз Азербејџан, за Идлиб и Либија, како и за одбранбени и безбедносни прашања. Министерот Акар го информира својот руски колега Сергеј Шојгу дека Ерменија која прекршувајќи го прекинот на огнот извршува напади врз цивилните населени места, треба да стави крај на овие напади и да биде извадена од териториите коишто ги окупира.

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Новина во Турција: Ќе се произведува литиум“, информира дека министерот за енергија и природни ресурси Фатих Донмез соопшти дека во Турција ќе се произведува литиум. Велејќи дека домашниот литиум ќе се користи и во домашниот електричен автомобил, министерот Фатих Донемз информира дека во тие рамки ќе биде ставена во примена постројка со висок капацитет.



Слични вести