Турски печат 12.10.2020

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1507120
Турски печат 12.10.2020

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Чавушоглу разговараше со својот руски колега Лавров“, пишува дека министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу вчера оствари телефонски разговор со својот руски колега Сергеј Лавров од кого побара да се предупреди Ерменија да се придржува кон прекинот на огнот.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Остра реакција од Турција против Ерменија која извршува воено злосторство“, информира дека Министерството за национална одбрана упати повик до светот по подлиот напад извршен од страна на Ерменија врз цивилите во Азербејџан. Во објавеното соопштени од Министерството за национална одбрана се истакнува следното: „Ерменија која извршува воено злосторство и злосторство против човештвото, сега го прекршува постигнатиот прекин на огнот. Ерменија, за време на прекинот на огнот продолжува да извршува напади дури и врз цивилните населени места. Меѓународната јавност треба да го повиши својот глас против Ерменија.“

„Лавовскиот дел во извозот во одбранбената и воздухопловната индустрија му припаѓа на Азербејџан“ гласи насловот на веста на страниците на дешниот весник „Стар“, кадешто се истакнува дека секторот на одбранбена и воздухопловна индустрија на Турција, минатиот месец најголемиот извоз со 77 милиони 167 илјади долари го оствари во Азербејџан.

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Продолжува растот во извозот на готова облека и конфекција“, истакнува дека секторот на готова облека и конфекција којшто по автомобилската индустрија обезбедува најголем придонес во извозот на Турција, минатиот месец реализира извоз од приближно 1,8 милијарди долари.

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Русија:1 - Турција:1“, пишува дека турската фудбалска репрезентација на третиот натпревар во Третата група од Лигата „Б“  во Лигата на нациите во УЕФА, во гости играше нерешено со Русија 1:1. Во 28-та минута од натпреварот со голот на Миранчук Русија премина во водство од 1:0, додека Турција во 62-та минута од натпреварот одговори со голот на Кенан Караман кој го изедначи резултатот на 1:1. Во понатамошниот дел од натпреварот турските фудбалери презентираа извонредна игра меѓутоа две топки се вратија од стативите и мечот заврши нерешено 1:1.

 



Слични вести