Турски печат 09.10.2020

Денешните турски весници опширно пишуваат за актуелните случувања во земјава и светот

1505826
Турски печат 09.10.2020

 

Весникот „Хуријет“ во веста под наслов „Порака од Ердоган во врска со „Карабах: Решението е крај на окупацијата“ истакнува дека претседателот Реџеп Тајип Ердоган во говорот на отворањето на Економскиот форум Турција и Африка се осврна на прашањето Нагорно Карабах и рече дека „поради непопустливиот и разгален став на Ерменија, решението на ова прашање кое скоро 30 години претставува гангрена е крај на окупацијата“.

Новинскиот веб портал „Хабертурк“ во веста под наслов „Чавушоглу и неговиот грчки колега постигнаа договор!“ истакнува дека министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу се состана со грчкиот министер Никос Дендиас. Чавушоглу изјави на средбата постигнале согласност за одржување истражни разговори.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Уште еден потфат од Турција во енергетиката! Доаѓа и третиот...“ ја објавува изјавата на Алпарслан Бајрактар, заменик министер за енергетика и природни ресурси кој рече: „Додадовме два FSRU (пловечки единици за складирање и гасификација на течен гас ЛНГ) во системот во Алиага и Хатај-Дортјол. Во тек се активностите за третиот во Сарос. Се надевам дека следната година ќе биде додадена на нашата инфраструктура“.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Фајненшл тајмс: Турција, стана сериозен конкурент на САД, Израел и Кина во дроновите“ го објавува написот на весникот „Фајненшл тајмс“ кој истакнува дека Турција излезе како сериозен конкурент на САД, Израел и Кина од аспект на дроновите. Во веста се истакнува дека „Проширувањето на турската индустрија за дронови, е резултат на 20 годишните напори за подобрување на производството на одбраната за да се оживее националната гордост и да се намали зависноста на набавка на оружје на Турција од Запад“.

Веснико „Јени шафак“ во веста под наслов „Се произведува само во Елазиг“ истакнува дека „Мермерот цреша“, кој се произведува само во областа Алакакаја во Елазиг во светот и привлекува големо внимание поради својата боја, се извезува во 45 земји, главно САД, Германија и Италија. Салих Туфан, менаџерот за извоз на фабриката, рече: „Производите што ги испраќаме во разни земји во светот се користени во многу престижни проекти и продолжуваат да се користат. Најважните од овие објекти се ќаба, ридовите Сафа-Мерве, Месџид-и Харам, кралските палати и Белата куќа.

 



Слични вести