Турски печат 06.10.2020

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

1503458
Турски печат 06.10.2020

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Го доживуваме најуспешниот период во борбата против тероризмот“, им одделува место на изјавите на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кој по вчерашниот состанок на претседателскот кабинет што се одржа во претседателската палата во Анкара истакна дека Турција го доживува најуспешниот период во својата историја во борбата против тероризмот. Претседателот Ердоган рече: „Широкото пријателство и братство кои што ги изградивме кај народите во овој период на една пространа географија, ги прифаќаме како невидена сила зад нас.“

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Изјави од Чавушоглу и Столтенберг“, пишува дека министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу по остварената средба со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, кој вчера престојуваше во посета на Анкара, во врска со ерменско-азербејџанскиот судир истакна дека Ерменија извршува воено злосторство. Чавушоглу рече: „За жал 30 години како не пристигна ниту еден конкретен предлог по прашањето на решавање на овој проблем. Азербејџан нема барање за поддршка од Турција, меѓутоа доколку има ќе му ја дадеме.“ Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг пак, го истакна следното: „Ситуацијата ја следиме мошне одблизу. Загрижени сме. Судирите треба да завршат.“

„Реакција од портпаролот на претседателсскиот кабинет Ибрахим Калин до Макрон: Провокативно и опасно“ гласи насловот на веста на страниците на денешниот весник „Сабах“, кадешто им се одделува место на изјавите на портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин кој истакна дека тврдењето на францускиот претседател Емануел Макрон околу тоа дека „исламот доживува криза“ претставува провокативен израз којшто ги разгорува исламофобијата и непријателството кон исламот.

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Бродот за дупчење ‘Јавуз’ ги заврши своите работи во лежиштето Селчуклу-1“, информира дека Министерството за енергија и природни ресурси соопшти дека бродот за дупчење (сондажа) „Јавуз“ за работите за одржување и снабдување се врати во пристаништето Ташуџу во Мерсин. Во споделената објава на профилот на Министерството на социјалната мрежа Твитер се вели следното: „Бродот за дупчење (сондажа) ‘Јавуз’ завршувајќи ги своите работи коишто ги започна на 24 април во лежиштето Селчуклу-1 (во Средоземното Море), за подготвување за својата следна задача и за работите за одржување и снабдување се врати во пристаништето Ташуџу. По своите подготвителни активности во пристаништето ‘Јавуз’ ќе ги продолжи своите активности за дупчење (сондажа) во нова локација.“

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Американско списание: Непријателите на Турција ги очекуваат тешки денови“, истакнува дека американското списание „Форбес“ во својот напис во кој ја поставува на маса силата на Турција со беспилотни летала (ИХА) напиша дека „Непријателите на Турција ќе доживуваат тешки денови.“ Во написот привлекуваат внимание изразите дека офанзивното беспилотно летало (ТИХА) „Бајрактар Акинџи“ со можностите за разузнавачки информации, набљудување и утврдување на цели коишто ќе ги обезбедува за турските безбедносни сили, ќе биде „организатор на игра, разигрувач“ во наредните 10 години.



Слични вести