Турски печат 05.10.2020

Денешните турски весници опширно пишуваат за актуелните случувања во земјава и светот

1502793
Турски печат 05.10.2020

 

Веб-порталот „Хабер Турк“ во веста под наслов „Терористите на ПКК/ЈПГ веднаш треба да ја напуштат областа Нагорно Карабах“ истакнува дека Турција предупреди дека терористите на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ кои соработуваат со ерменските терористи, веднаш треба да ја напуштат областа Нагорно Карабах. Во соопштението кое беше објаевно од страна на Министерството за национална одбрана, беше наведено дека „терористите на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ кои соработуваат со ерменските терористи, чија цел се невините цивили, веднаш треба да ја напуштат областа Нагорно Карабах.“

Весникот  Хуријет: „Одложен техничкиот состанок меѓу Турција и Грција“ истакнува дека техничкиот состанок меѓу Грција и Турција закажан за денес во седиштето на НАТО, со заедничка одлука донесена од двете земји, беше одложен за наредните денови. Состанокот, на кој требаше да се разгледаат техничките детали за координацијата што треба да се спроведат за безбедно функционирање на воените сегменти во Источниот Медитеран, беше планирано да се одржи денес во седиштето на НАТО. Поради технички причини, врз основа на одлуката што ја донесоа двете земји, беше одлучено состанокот да се одржи во наредните денови.

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Турција остро реагирашше против Франција“ истакнува дека Турција остро реагираше на нацрт-законот за борба против сепаратизмот, кој беше изнесен од страна на францускиот претседател Емануел Макрон, кој на 9 декември ќе биде доставен до Советот на министри. Во соопштението објавено од Министерството за надворешни работи беше истакнато дека „Никој нема право да изнесува погрешни изјави и искривени приоди во врска со нашата религија, којашто значи мир, а под изговор на просветлување. Изнесувањето и воведувањето нови поими како што се „европски ислам“ и „француски ислам“ мислејќи дека ќе можат да ги дисциплинираат имигрантските општества, се коси со хуманитарните и правни размислувања.“

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов  „Вкусот што се протега од Дијарбакир до Италија: Сушен домат“ истакнува дека органските домати во Дијарбакир кои не содржат никакви хемикалии, откако ќе бидат пространи на десетици хектари земја и ќе се исушат, се извезуваат во Италија. Доматите кои се одгледуваат од страна на земјоделците од Дијарбакир се меѓу незаменливите вкусови на италијанската кујна. Сувите домати се користат како сос во шпагетите и пиците во Италија и се шират низ целиот свет.

Весникот „Стар“ во веста под анслов „Турците направија шоу во Франција, Лил се искачи на лидерската позиција“ истакнува дека екипата на Лил на натпреварот во гости во 6-та недела од француската Лига 1, го совлада Стразбур со резултат од 3:0.  Турските фудбалери Бурак Јилмаз и Зеки Челик удрија силен белег на натпреварот. Двајцата турски фудбалери постигнаа по еден гол на натпреварот. Екипата на Лил, која на 6 натпревари освои 4 победа и има 14 поени, со еден натпревар повеќе, го продолжи лидерството. По голот на Бурак Јилмаз, ФК Лил, на профилот на Твитер ја објави објавата „Крал“ на турски и сподели емотикон на турко знаме.



Слични вести