Турски печат 02.10.2020

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1501362
Турски печат 02.10.2020

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Ердоган: Патот на трајниот мир поминува од повлекување на Ерменците од секоја педа окупирана територија на Азербејџан“, им одделува место на изјавите на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кој во своето обраќање по повод отворањето на новата законодавна година на Големото Народно Сообрание на Турција (ТБММ) се осврна и на судирите помеѓу Азербејџан и Ерменија. Претседателот Ердоган рече: „Патот на трајниот мир во овој регион поминува од повлекување на Ерменците од секоја педа окупирана територија на Азербејџан. Управата на Ерменија не ќе може да ја спаси и обидот со којшто оставајќи настрана сѐ упорно се обидува да ја клевети Турција. Ги предупредувам оние кои и даваат поддршка на оваа ајдучка држава (Ерменија), по прашањето на тоа дека ќе се побара сметка од нив пред заедничката совест на човештвото.“

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Единствено име покането во ТБММ (Големото Народно Собрание на Турција)“, информира дека претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп го покани на отворањето на новата законодавна година Хазар Ибрахим, амбасадорот на Азербејџан во Анкара, кој со тоа стана единствениот амбасадор кој е поканет и учествуваше на овој настан. Амбасадорите на другите земји, поради пандемијата на коронавирусот не беа поканети на отворањето на новата закондавна година на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ).

„Соопштение за Турција од Италија: Сојзуник без кој се не може“ гласи насловот на веста на страниците на денешниот весник „Ватан“, кадешто им се одделува место на изјавите на италијанскиот министер за надворешни работи Луиџи Ди Мајо кој истакна дека Турција е сојузник без кој се не може за стабилноста во Источниот Медитеран и во регионот во кој се наоѓа, а воедно напомена дека не треба да се заборави дека Таа е значаен актер како членка на НАТО.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Министерот Донмез: Во нашите мориња почнува периодот на ‘Кануни’ “, пишува дека министерот за енергија и природни ресурси Фатих Донмез сподели објава во врска со бродот за дупчење (сондажа) „Кануни“. Министерот Донемз во својата објава го истакна следното: „Во нашите мориња почнува периодот на ‘Кануни’. ‘Кануни’ на 10 октомври ќе отплови од пристаништето Ташуџу за подготовките за премин низ морскиот теснец (Босфорот), кај пристаништето Хајдарпаша.“

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Руска фирма ги започна редовните летови Москва-Истанбул“, информира дека руската авиокомпанија „Nordwind Airlines“ ги започна редовните авионски летови Москква-Истанбул. Во објавеното соопштение на официјалниот профил на „İGA“ (Големиот истанбулски аеродром) на социјалната мрежа Твитер се истакнува дека руската авиокомпанија „Nordwind Airlines“ секој ден во неделата ќе реализира летови за Истанбулскиот аеродром со авиони од типот „Боинг 737-800“.



Слични вести