Турски печат 30.09.2020

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1499867
Турски печат 30.09.2020

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Чавушоглу зборуваше јасно: Овој проблем има единствено решение“, им одделува место на изјавите на министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу кој вчера ја посети амбасадата на Азербејџан во Анкара и овде го рече следното: „Овој проблем има единствено решение; Ерменија да се повлече од окупираните азербејџански територии. Се додека не дојде до ова повлекување проблемот нема да се реши. Стоиме покрај Азербејџан на терен и на маса. Овој проблем сакаме да го решиме од корен.“

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Изјава од шефот за комуникации Алтун за Ф-16“, информира дека шефот на одделот за комуникации на претседателството Фахреттин Алтун во дадената изјава вчера остро го демантираше тврдењето во однос на тоа дека турски воен авион Ф-16 срушил воен авион Су-25 во сопственост на Ерменија. Фахреттин Алтун го рече следното: „Ерменија наместо да приредува игри со една ваква ефтина пропаганда, што поскоро да се повлече од териториите коишто ги окупира.“

„Омер Челик: Ерменија таму е окупатор“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Хабертурк“, кадешто им се одделува место на изјавите на портпаролот на владејачката Партија за правда и развој (АК Партијата) Омер Челик кој вчера додека продолжуваше состанокот на Централниот извршен одбор (МКЈК) на партијата се појави пред камерите  и нагласи дека Турција стои покрај Азербејџан. Омер Челик, го рече следното: „Азербејџан располага со право на одбрана на сопствените територии. Областа Нагорно Карабах е азербејџанска територија. Ерменија таму е окупатор.“

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Споделено со зборовите ‘Имаме една нова радосна вест’“, пишува дека првата поморска крстосувачка ракета на Турција „Атмаџа“ успешно помина уште едно од најтешките тестирања пред да се премине на нејзино сериско производство. Раководителот за одбранбена индустрија на претседателството Исмаил Демир велејќи „Имаме една нова радосна вест“ ги сподели случувањата во врска со ракетата Атмаџа. Исмаил Демир го рече следното: „Вчера беше реализирано уште едно од последните тестирања на Атмаџа. Тестирањето помина мошне успешно. Ова беше претпоследното тестирање на Атмаџа, остана уште едно. Значи дека сме дојдени до крај. Очекуваме од една страна да започнат со производствените работи.“

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Соопштен индексот на економска доверба за месец септември“, информира дека индексот на доверба на Турција во септември на месечна база со раст од 3,1 отсто се зголеми на 88,5 отсто.



Слични вести