Турски печат 28.09.2020

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1498403
Турски печат 28.09.2020

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Одлука од Азербејџан за противнапад“, пишува дека продолжуваат судирите на азербејџанско-ерменската линија. Азербејџанското Министерство за одбрана соопшти дека за спречување на нападите на ерменските вооружени сили и обезбедување на безбедноста на цивилниот народ е донесена одлука за противнапад во должина на фронтовата линија. Вчера наутро на ерменско-азербејџанската фронтова линија ерменските сили отворија оган со тешко оружје врз азербејџанските цивилни населени места, по што започнаа судири помеѓу двете земји. Азербејџанската армија започна противнапад и ослободи од окупација некои населени места.

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Целосна поддршка од Турција на Азербејџан“, им одделува место на изјавите на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кој истакна дека Ерменија која на своите напади врз Азербејџан додаде уште еден нов напад, уште еднаш покажа дека е најголема закана за мирот и спокојството во регионот. Претседателот Ердоган рече: „Турскиот народ како секогаш, така и денеска со сите свои можности стои покрај своите азербејџански браќа.“

„Порака за солидарност од Турската Република Северен Кипар (ТРСК) до Азербејџан“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Сабах“, кадешто се истакнува дека претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Мустафа Акинџи ги осуди нападите на Ерменија врз азербејџанските територии. Претседателот Акинџи во објавеното писмено соопштение истакна дека проблемот Нагорно Карабах којшто со децении како остана без решение, уште еднаш се претвори во вооружен судир помеѓу Ерменија и Азербејџан. Претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Мустафа Акинџи, го рече следното: „Ги доставувам нашите чувства на солидарност во име на кипарскиот турски народ до пријателскиот и братски азербејџански народ.“

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Нов противавионски топ за Турските вооружени сили (ТВС)“, информира дека Турските вооружени сили (ТВС) се подготвуваат да го внесат во својот инвентар системот на противавионски топ од 25 милиметри којшто успешно ги помина тестирањата за стрелање и кој е произведен целосно со домашни и национални можности. Ова ново оружје ќе може да се користи кај оклопни возила и наоружани кули со далечинска команда, и ќе може да извршува задача како главно оружје под секакви временски услови и во средина на војна.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Успешно заврши ТЕКНОФЕСТ 2020“, пишува дека Фестивалот за воздухопловство, вселена и технологија „ТЕКНОФЕСТ 2020 Газиантеп“ кој е најголемиот фестивал од овој вид во светот и кој оваа година се одржа по трет пат, заврши со голем ентузијазам. Во рамките на технолошкиот фестивал кој траеше 4 дена беа одржани натпревари во 21 категорија и им беа доделени награди на најуспешните учесници. Извонредните демонстративни летови коишто беа изведени во текот на фестивалот од страна на акробатските екипи „Турски ѕвезди“ и „Соло Турк“, беа следени со голема заинтересираност. Големи аплаузи добија хеликоптерите Атак кои беа сцена на возбудливи моменти. Ентузијазмот, возбудата и адреналинот продолжијва во текот на фестивалот.

 



Слични вести