Турски печат 25.09.2020

Денешните турски весници оширно пишуваат за актуелните случувања во земјава и светот

1497035
Турски печат 25.09.2020

 

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Порака од СНБ по повод Источниот Медитеран“ истакнува дека во известувањето што беше објавено по вчерашниот состанок на Советот за национална безбедност (СНБ) кој беше одржан под претседателство на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, во врска со развојот на настаните во Источниот Медитеран беше истакнато следното: „На состанокот уште еднаш беше потенцирано дека како досега така и во иднина турската нација нема да биде направи никакви отстапки за заштита на правата и интересите во копното, морето и воздухот“.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „ТСК со успешната борба против коронавирусот ги помина дури најдобрите армии на светот“ истакнува дека гледано од аспект на бројот на позитивните пациенти на постоечкиот воен персонал, Турските вооружени сили (ТСК), која има најмалку позитивни пациенти, со овој успех ги помина важните армии како што се САД, Русија, Франција, Италија и Англија.

Весникот „Хуријет“ во веста под наслов „Министерот Албајрак рече дека Турција годината ќе ја заврши над очекувањата“ ја објавува изјавата на Министерот за финансии и трезор Берат Албајрак, кој во објавата преку профилот на твитер во врска со соопштението на Централната банка на Република Турција посветено на проценката на стапката на искористување на капацитетите во септември рече: "Најновите податоци за третиот квартал од годинава продолжуваат да бидат позитивни. Стапката на искористеност на капацитетите во септември се зголеми за 1,3 поени и достигна 74,6 проценти. Се надевам дека овој тренд ќе продолжи и во последниот квартал и годината ќе ја завршиме над очекувањата.“

Новинскиот веб портал “Хабер Турк во веста под наслов  „ТЕКНОФЕСТ ветер во Газиантеп“ истакнува дека под покровителство на Фондацијата за унапредување на технологијата на Турција (Фондација Т3) при Министерството за индустрија и технологија,  во Газианетп започна Фестивалот за вселенски истражувања и технологија „ТЕКНОФЕСТ 2020“. Министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк во говорот на свеченото отворање на фестивалот рече дека големо е задоволството е што е огромно што има повеќе од 100 илјади апликации на фестивалот, што се одржува по трет пат оваа година.

Весникот „Сабах“ во евста под наслов „Значаен потег од Турција! На 30 ноември ќе биде испратен во вселената" истакнува дека Турција како една од 30-те земји кои има свои сателити во вселената, комуникацискиот сателит од петтата генерација Турксат 5А, се подготвува да го испрати на 30 ноември. Турција, со лансирањето на новите сателити, со флотата со која ќе располага ќе пружа услуги на земјите кои се простираат до туркофонките републики, вклучително и Кина, Азија, Африка и Европа.

 



Слични вести