Турски печат 24.09.2020

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1496332
Турски печат 24.09.2020

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Критична средба од претседателот Ердоган“, пишува дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган синоќа одржа видео-конференциска средба со претседателката на Европската комисија (ЕУ) Урсула фон дер Лејен. Според објавеното писмено соопштение од одделот за комуникации на претседателството, на средбата беа разгледани регионални прашања на чело со Источниот Медитеран и односите меѓу Турција и Европската унија (ЕУ).

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Министерот Донмез: Црноморскиот гас ќе биде поефтин од увезениот“, им одделува место на изјавите на министерот за енергија и природни ресурси Фатих Донмез кој во врска со откриениот природен гас во Црното Море го рече следното: „Според направените пресметки, ќе произведуваме по многу поекономична цена во споредба со гасот што го увезуваме во денешни услови.“

„Нашата економија ја даде пораката за раст“ гласи насловот на веста на страниците на денешниот весник „Јени Шафак“, кадешто се вели дека индексот на доверба на потрошувачите во месец септември на месечна база со раст од 3,2 отсто се зголеми на 82 отсто. Министерот за трезор и финансии Берат Албајрак во врска со овие соопштени податоци, го рече следното: „Нашата економија во третиот квартал на годината даде порака за силен раст. Индексот на доверба на потрошувачите во споредба со месец август, со раст од 3,2 отсто се зголеми на 82 отсто. Доаѓаат добри показатели. Иншаллах (со Аллахова помош) годината ќе ја затвориме во подобра точка од предвидувањата.“ 

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Автобусите, минибусите и мидибусите произведени во Турција, по патиштата на 87 земји“, информира дека во периодот јануари-август од Турција се извезени автобуси, минибуси и мидибуси во 87 земји во вредност од 916 милиони 533 илјади долари. Според добиените податоци од Унијата на извозниците на автомобилската индустрија Улудаг (OİB), во 8 месечниот извоз на чие чело се наоѓаат европските земји, е забележан сериозен раст во надворешните продажби особено во Чешка, Русија и Мексико. 

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Од пред новата ера, точно 4 илјади годишно“, пишува дека за време на археолошките ископувања коишто продолжуваат во археолошкиот локалитет Бејџесултан во населеното место Чиврил кај градот Денизли, е откриено 4 илјади годишно текстилно ателје. Информации во врска со ископувањата коишто се водат во овој археолошки локалитет, даде проф. д-р Ешреф Абај кој рече: „Дознаваме дека во подрачјето на Денизли и пред 4 илјади години имало многу интензивно текстилно производство. Тоа пак ни покажува дека овдешното текстилно производство било голема традиција и од одамна, во далечното минато.“

 



Слични вести