Турски печат 23.09.2020

Денешните турски весници опширно пишуваат за актуелните случувања во земјава и светот

1495703
Турски печат 23.09.2020

 

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Поддршка од Турција на Палестина во ОН“ истакнува дека претседателот Реџеп Тајип Ердоган на седницата на 75-то Генерално заседание на Обединетите нации (ОН) на која учествуваше со видео порака истакна дека дека Израел следи политики на притисок, насилство и заплашување на Палестина. „Палестинското прашање може да се реши само врз основа на границите од 1967 година, со воспоставување на независна, суверена и географски континуирана палестинска држава со главен град Источен Ерусалим“, рече Ердоган.

Новинскиот веб портал „Хабер Турк“ во веста под наслов „Порака за вакцина од Ердоган до целиот свет“ истакнува дека претседателот Реџеп Тајип Ердоган во говорот на седницата на Генералното заседание на ОН, рече дека вакцините што ќе бидат подготвени за употреба, без оглед на тоа во која земја ќе бидат произведени, треба да бидат презентирани во заедничка корист на човештвото. Ердоган упати повик дека медицинските материјали, снабдувањето со лекови, напорите за развој на вакцини не треба да бидат прашање на конкуренција меѓу земјите.

Весникот „Хуријет“ во веста под наслов „Прв приоритет на Турција во Источниот Медитеран е правичноста“ ја објавува изјавата на претседателот Ердоган кој рече дека приоритетот на Турција во решавањето на споровите во Источниот Медитеран е искрен дијалог и решавање на правичен начин, врз основа на меѓународното право. Повторувајќи го својот повик за воспоставување дијалог и соработка меѓу крајбрежните земји во Источен Медитеран, Ердоган рече дека Турција предлага да се одржи регионална конференција во која ќе бидат вклучени и Кипарските Турци “.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Телефонска дипломатија меѓу Турција и Франција. Тема: Источен Медитеран“ истакнува дека претседателот Ердоган оствари телефонски разговор со францускиот претседател Емануел Макрон. Ердоган на разговорот рече дека причината за напнатоста на Источниот Медитеран е игнорирањето на легитимните права на Турција и Кипарските Турци во регионот, поради што не може да ги разбере наводните максималистички тврдења на Франција и Јужен Кипар кои ја зголемија напнатоста.“

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Воено предупредување од Турција до Грција“ истакнува дека поради прекршувањето на невоениот статус на островот Лимнос кој беше утврден во 1923 година во Лозана, Турција прогласи нов Навтекс во Егејското Море. Во огласот што беше беше наведено дека „Статусот на островот Лимни утврден со договорот е прекршен. Властите соопштија дека огласот ќе важи до 11:00 часот на 24 септември според турско верме. Пред одреден период Турција објави сличен Навтекс и за островот Хиос.

 



Слични вести