Турски печат 22.09.2020

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција.

1494990
Турски печат 22.09.2020

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Ердоган: Структурата на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОБ) не е праведна“, пишува дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган испрати видео порака на состанокот на високо ниво што се одржа по повод 75-годишнината од формирањето на Организацијата на обединетите нации (ООН). Претседателот Ердоган критикувајќи ја структурата на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОБ) го рече следното: „За да го доведеме повторно во ефикасна состојба системот на ОН првенствено треба да направиме реформа во Советот за безбедност. Структурата на еден Совет кадешто судбината на повеќе од 7 милијарди луѓе им е препуштена на милоста и немилоста на 5 земји, не е ниту праведна, ниту одржлива.“ 

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Познат датумот за вакцината против Ковид-19“, информира дека Турција интензивно ги продолжува работите за пронаоѓање на домашна вакцина против Ковид-19. Претседателот Ердоган соопшти дека успешно се завршени тестирањата врз животни на 2-ве од 8 вакцини чии работи продолжуваат. Велејќи дека инфраструктурата на една компанија е доведена во погодна состојба за производство на вакцината, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган го рече следното: „Иншаллах (со Аллахова помош) овие вакцини планираме да му ги ставиме во услуга на нашиот народ во првите месеци на идната година.“

„Турција, според својот национален доход е земја која доставува најголема хуманитарна помош“ гласи насловот на веста на страниците на денешниот весник „Ватан“, кадешто им се одделува место на изјавите на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, а кој истакна дека Турција како земја која според својот национален доход доставува најголема хуманитарна помош во светот, со сите можности со коишто располага се обидува да ги олесни тешкотиите предивикани од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19). Претседателот Ердоган укажа на помошта којашто им ја достави Турција на другите земји во периодот на пандемијата, и истакна дека без да се прави верска, јазична, расна и континентална разлика, им е доставена медицинска помош и опрема на 146 земји низ светот.

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Турција втора во Европа по растот во земјоделството“, пишува дека министерот за трезор и финансии Берат Албајрак соопшти дека Турција  оставајќи ги зад  себе голем број земји во Европа, со постигнатиот раст во земјоделството го зазеде второто место. Велејќи „Имаме за цел да заземеме место меѓу лидерските земји во светот и во Европа“, министерот Берат Албајрак го рече следното: „Им честитам на сите наши производители кои вложуваат напори и труд за постигнување на овој успех.“

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Домашната апликација за видео-конференција го помина првиот испит“, пишува дека на средбата за безбедност и одбрана „SEDEC“ (СЕДЕК) преку домашната апликација за видео-конференција „BizBize“ односно „XperMeet“ учесници од 24 земји во текот на три дена одржаа 700 состаноци. На тој начин, домашната апликација за видео-конференција успешно го положи својот прв значаен испит на меѓународно ниво во чии рамки претставници на 254 компании и институции од сите страни на светот без било каков проблем одржаа состаноци во времетраење од вкупно 410 часа.



Слични вести