Турски печат

Денешните турски весници опширно пишуваат за актуелните случувања во земјава и светот

1494310
Турски печат

 

Весникот „Јени шафак“ во веста под наслов „Ибрахим Калин рече дека санкциите, уцените, заканите против Турција нема дадат никакви резултати“ ја објавува изјавата на портпаролот на кабинетот на претседателот на државата Ибрахим Калин кој во изјавата за тензиите на истокот на Средоземното Море, рече: "Санкциите, уцените, заканите против Турција нема дадат никакви резултати. Европските политичари треба да го согледаат тоа. Во залуден напор се сите оние што мислат дека со закани или санкции ќе можат да ја натераат Турција да се откаже од својата решителност.“

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Пофалби од градоначалничката на Ливерпул Ротери на сметка на Турција“ ја објавува изјавата на градоначалничката на Ливерпул, Ана Ротери, која претпочита да летува во областа Фетије на Мугла, а која ги пофали мерките против новиот вид на коронавирус (Ковид-19) преземени во Турција. Ротери рече: "Јас бев многу импресионирана од фактот дека мерките против Ковид-19 беа толку високи. Спроведувањето на мерките и во хотелот каде што престојував и во Фетије, Олудениз, па дури и на плажите беа многу импресивни".

Весникот „Хуријет“ во веста под наслов „2 милиони туристи за одмор ја избраа Анталија“ истакнува дека во период кога и натаму во целиот свет продолжува да владее епидемијата на короновирусот, главниот град на туризмот во Турција, Анталија во периодот од 1 јануари до 13 септември, беше домаќин на повеќе од 2 милиони туристи. Анталија како туристички центар што нуди здрава и безбедна можност за одмор, беше домаќин на над 2 милиони 3 илјади 946 гости од 170 земји, вклучувајќи ги туристите од Русија, Украина, Германија, Англија и Полска.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Првиот домашен летечки автомобил на Турција „Џезери“ доби пофалби во меѓународниот печат“ истакнува дека летечкиот автомобил Џезери, кој е домашно и национално производство, продолжува да оддекнува во меѓународниот печат. Британската новинска агенција „Ројтерс“, која сподели видео со наслов „Важните случувања во текот на неделата“, летачкиот автомобил Џезери на Турција го рангираше на прво место. Џезери беше многу пофален и на други веб-страници на странските медиуми.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Домашната апликација за видео конференција го помина првиот тест“ истакнува дека домашната видео конференција/веб-конференција Бизбизе која е усовршена од страна на компанниите АСЕЛСАН и  БИТЕС, успешно го помина тестот кој беше реализиран на меѓународната манифестација за безбедна  одбранбена средба СЕДЕЦ. Манифестацијата одигра голема улога во промовирњето на апликацијата на меѓународно ниво.



Слични вести