Турски печат 18.09.2020

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1492908
Турски печат 18.09.2020

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Претседателот Ердоган: Разбрано е дека нема да потклекнеме пред разбојништвото“, им одделува место на изјавите на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кој вчера во своето обраќање на церемонијата по повод доделувањето на Државни ордени за гордост се осврна на присутната затегнатост во Источниот Медитеран. Претседателот Ердоган рече: „Нема да дозволиме некои да ја заробат во нејзините крајбрежја нашата земја која располага со најдолгото крајбрежје во Средоземното Море. Веќе од страна на сите инволвирани во прашањето е разбрано дека Турција нема да потклекне пред разбојништвото.“

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Повик од портпаролот на претседателството Ибрахим Калин до Европската унија (ЕУ) да биде фер“, пишува дека портпаролот на претседателството Ибрахим Калин говореше на манифестацијата по име „Улогата на Турција во Источниот Медитеран: Заканата од судир и проспект за дијалог“ на тинк-тенк здружението Европски совет за надворешни односи. Ибрахим Калин истакна дека Европската унија (ЕУ) треба да се однесува како фер посредник по прашањето на Источниот Медитеран и го рече следното: „Интересите на Унијата не треба да се сведат на интересите на само една нејзина членка.“

„Министерот Чавушоглу разговараше со генералниот секретар на НАТО Јен Столтенберг за Источниот Медитеран“ гласи насловот на страниците на весникот „Стар“, кадешто се истакнува дека министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу разговараше со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг. Во објавеното писмено соопштение од Министерството за надворешни работи се вели дека во разговорот беа разгледани случувањата во Источниот Медитеран.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Домашното беспилотно воздушно борбено летало ‘Аксунгур’ фрли потпис на нов успех“, информира дека новото беспилотно летало (ИХА) на Турција „Аксунгур“, дизајнирано и произведено од страна на Турската компанија за воздухопловна и вселенска индустрија (ТУСАШ), за прв пат натоварено со полн капацитет муниција леташе подолго од еден ден на надморска височина од 20 илјади фита.

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Товарот на извозот на автомобили го сносат 5 земји“, пишува дека турскиот автомобилски сектор за 8 месеци оваа (2020) година оствари извоз во висина од 5,5 милијарди долари. Половината од извозот е реализиран во 5 земји и тоа Франција, Германија, Англија, Италија и Шпанија.



Слични вести