Турски печат

Денешните турски весници опшитно пишуваат за актуелните случувања во земјава и светот

1492128
Турски печат

 

Новинскиот веб портал „Хабер Турк“ во веста под наслов „Пораката на Ердоган до Европа во врска со Источниот Медитеран: Бидете праведни и конзистентни“ истакнува дека претседателот Реџеп Тајип Ердоган на средбата со германската канцеларка Ангела Меркел преку видео конференција рече: „Се додека постои конструктивен став во однос на Источниот Медитеран кој ќе се заснова на праведност, постои можност недоразбирањата и споровите да се решат по пат на преговори и компромис. Европските земји треба да бидат праведни и конзистентни во однос на Источниот Медитеран. Ќе продолжиме да следиме одлучна и активна политика во однос на правата на Турција“ подвлече претседателот Ердоган.

Весникот „Јени шафак“ во веста под наслов „Новата маршрута на бродот Оруч Реис е југот на Меис“ истакнува дека со објавувањето на три Навтекси (навигациони телекси) за само еден месец, поморските овластувања на Турција ќе започнат од најјужната страна и новата маршрута на бродот Оруч Реис по одржувањето, ќе биде југот на островот Меис (Мегисти). Бродот „Оруч Реис“ истражувањата во овој дел ќе ги заврши во рок од два месеци. Со објавувањето на новите координати на Навтекс, истражувањата се очекува да започнат од крајот на територијалните води на Меис и Родос.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Повик од Северна Македонија до Грција за соработка со Турција“ истакнува дека премиерот на Северна Македонија Зоран Заев упати повик до Атина за соработка со Турција во однос на Источниот Медитеран. Заев посочи на значењето на силната соработка меѓу регионалните земји и рече: „Треба да бидеме паметни. Се надевам дека уште еднаш нема да дојде до оваа затегнатост. Бидејќи Турција е ваш сосед и наш добар пријател“.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Беспилотните летала кои го воодушевија светот, предизвикаа вниманието на светската јавност да се сврти кон Турција“ истакнува дека заврши првата етапа на натпреварот „Проект за унапредување и презенатција на технологијата на беспилотните летала“ на Управата за одбранбена индустрија при претседателството. На тестовите со летање учествуваа голем број фирми кои ги презентираа своите способности. Претседателот на Управата за одбранбена индустрија исмаил Демир рече дека турската одбранбена индустрија во последните неколку години удри силен белег со беспилотните летала и дека домашните и национални бесплиотни летала се наоѓаа меѓу најдобрите во својата категорија.

Весникот „Хуријет“ во веста под наслов „Голем прилив на руски туристи во Анталија“ истакнува дека со започнувањето на процесот на нормализација во периодот на епидемијата на новиот вид на коронавирусот (Ковид-19), владее голема раздвиженост и прилив на туристите од Русија и Германија во Анталија. Во август во Анталија допатуваа 225 илјади руски туристи. Оваа бројка во септември беше доловена за само 15 дена. Според предвидувањата, летната сезона ќе продолжи до ноември.



Слични вести