Турски печат 16.09.2020

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1491492
Турски печат 16.09.2020

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Турција објави нов NAVTEX: Против островите коишто се наоружуваат алудирано на Лозана“, пишува дека Турција во објавениот нов „NAVTEX“ прогласи дека согласно Лозанскиот договор од 1923 година е нарушен статусот на демилитаризација на островот Сакиз (грчки Хиос). Грција од 1960 година ги наоружува островите коишто треба да бидат со статус на демилитаризација и тоа претставува закана за националната безбедност на Турција. Турција долго време како упатува повици до Атина за разоружување на островите. Освен тоа Турција објави уште една нова навигациска информација „NAVTEX“ во која е соопштено дека задачата на бродот за дупчење „Јавуз“ во Средоземното Море, е продолжена до 12 октомври.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Чавушоглу: Грција да нема доверба во слепата поддршка на Европската унија (ЕУ)“, им одделува место на изјавите на министерот за надворешни работи Мвелут Чавушоглу кој истакна дека Турција е спремна да разговара со Грција по прашањата во врска со Источниот Медитеран. Чавушоглу го рече следното: „Се надевам дека новата грчка Влада ќе одговори позитивно. Во оваа точка, би сакал да ја предупредам Грција да не го избегнува дијалогот со Турција и да нема доверба во слепата поддршка на Европската унија (ЕУ), тоа ќе претставува најголема препрека пред решавањето на проблемите.“

„ЕУ: Со противење со Турција не можеме да изнајдеме решение“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Ватан“ , кадешто се истакнува дека на седницата на Европскиот парламент (ЕП) беше разговарано за активностите за дупчење коишто ги води Турција во Источниот Медитеран. Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел во своето обраќање на седницата, привлече внимание на растечкиот авторитет на Турција во Источниот Медитеран. Нагласувајќи дека Турција повторно се стекна со својата некогашна сила, Борел го рече следното: „Јасно е дека не може да се изнајде решение за проблемите со противречување со Турција.“

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Турција ќе се најде меѓу најбрзо опоравливите земји во 2021 година“, им одделува место на изјавите на министерката за трговија Рухсар Пекџан која истакна дека во период кога продолжуваат влијанијата на пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) врз глобалната економија, Турција продолжува да е во многу подобра состојба и да се одделува позитивно, од голем број земји во светот. Министерката Пекџан рече: „Заклучно со крајот на оваа година, со позитивниот тренд во условите во нашите надворешни пазари особено во 2021 година, сметаме дека ќе се најдеме меѓу најефикасните и најбрзо опоравливите земји.“

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Турција меѓу трите земји во светот“, пишува дека Турција со својот перформанс на раст од 4,4 отсто на годишна база во индустриското производство, веднаш по Ирска, Норвешка и Кина се најде на четврто место, а на месечна база со перформанс на раст од 8,4 отсто е на трето место, веднаш по Португалија и Шпанија. Во Турција кадешто растот на индексот на индустриско производство продолжи и во третиот месец по ред и е надминато нивото од пред епидемијата, се очекува да се постигне висок раст и во третиот квартал на годината.



Слични вести