Турски печат 15.09.2020

Денешните турски весници опширно пишуваат за актуелните случувања во земјава и светот

1490784
Турски печат 15.09.2020

 

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Порака од портпаролот на  претседателскиот кабинет Калин во врска со Источниот Медитеран“ ја објавува пораката на портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин кој во објавата преку профилите на социјалните медиуми истакна "Можно е мировно решение на проблеми во Источниот Медитеран. Правичноста, инклузивноста и разумот ќе дадат конструктивен придонес. Турција нема никакви територијални претензии. Но исто така  е решителна да не дозволи да бидат загрозени нејзините права.“

Весникот „Хуријет“ во веста под наслов „Оваа напнатост нема да заврши ако не се откажат од картата во Севилја“  ја објавува изјавата на министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу кој во врска со Источниот Медитеран и Грција рече: „(Грција) Ако биде упорна во изнесувањето предуслови, тогаш и  ние ќе ги изнесеме нашите предуслови. Предусловите можат да ги изнесат пред да ги одржиме средбите а и после. Грција сè додека не се откаже од мапата во Севилја и не покаже респект кон континенталниот појас на Турција, напнатоста нема да заврши.“

Весникот „Јенишафак“ во веста под наслов „Вниманието на Германците го привлече карираното сако на претседателот Ердоган“ го објавува написот на германскиот весник „Ди велт“ посветен на сакото на претседателот Реџеп Тајип Ердоган. Во написот се истакнува дека претседателот Ердоган како во политиката така и од аспект на облеката се оддалечил од нормите на облекување и ја изнесува својата визија.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Очекуваме висок раст!“ ја објавува изјавата на министерот за технологија и индустрија Мустафа Варанк кој рече дека месечната стапка на индустриско производство во јули се зголеми за 8,4 %, а годишната за 4,4 %. Остварени се сите етапи на месечна база. Континуитетот на позитивна дисоцијација во производството обезбеди да се најдеме меѓу првит 3 земји. Во третиот квартал очекуваме висока стапка на раст.“

Весникот „Стар“ во веста под наслов „ 3 земји во потрага по 800 годишното богатство во Турција“ истакнува дека камената сол чија количина се проценува на 150 илјади тони и беше откриена во 800 годишниот рудник е многу барана на светските пазари. Суат Билгин, менаџерот на рудникот за сол рече дека пристигнуваат дури нарачки од Германија, Франција и Холандија, но поради недоволниот капацитет, не можеме да ги задоволиме истите. Размислуваме да го отвориме кон здравствениот туризам.



Слични вести