Турски печат 14.09.2020

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1490017
Турски печат 14.09.2020

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Реакција од потпретседателот Октај до Грција“, пишува дека потпретседателот Фуат Октај покажа реакција на тоашто претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу вчера кршејќи го меѓународното право со воен хеликоптер пристигна на островот Меис (грчки Кастелоризо). Потпретседателот Октај својата реакција ја изнесе со зборовите: „Оние кои по прашањето на затегнатоста не обвинуваат нас, не ја гледаат денешната провокација на островот Меис. Бидејќи тие имаат очи не гледаат, имаат уши не слушаат,  имаат јазик не ја зборуваат вистината. Ете вистински заблудници се тие.“

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Министерот Донмез ја даде радосната вест: Започна одбројувањето за сондажата на Кануни“, им одделува место на изјавите на министерот за енергија и природни ресурси Фатих Донмез кој соопшти дека започна одбројувањето за бродот за дупчење (сондажа) Кануни. Министерот Донмез го истакна следното: „Ќе започне со дупчење во Црното Море и ќе ѝ придаде уште поголема сила на силата на Фатих.“

„Турција се искачи за 6 степеници наеднаш во извозот на намештај во светот“ гласи насловот на веста на страниците на денешниот весник „Хурријет“, кадешто се вели дека според извештајот на „Centre For Industrial Studies“, цантарот за истражување со седиште во Милано, во Италија, кој се прифаќа како светска референца, Турција во извозот на намештај на глобално ниво се искачи за 6 степеници наеднаш и се наоѓа на осмото место. Споредено со претходната година, Турција ги престигна и ги остави зад себе земјите како што се Шпанија, Данска, Франција, Мексико, Романија, Малезија и Холандија.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Развиен во Измир: Се извезува во 50 земји“ пишува дека, тестот за антитела на коронавирусот којшто е развиен во градот Измир се продава во приближно 50 земји во светот. Фирмата „Турклаб“ (Türklab) која 25 години како делува во населеното место Мендерес кај Измир и развива комплети за дијагноза, соопшти дека тестот за антитела којшто е развиен во периодот на пандемијата наиде на голема заинтересираност во светот. Оваа турска фирма се наоѓа меѓу првите 3 фирми во светот по прашањето на тестот за антитела.

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Гостите на Сините води од милиони долари, во заливите на Бодрум“, информира дека Бодрум, едниот од популарните туристички центри на Турција, исто како и секоја година и оваа година е место кадешто навраќаат луксузни јахти со вредност од милиони долари. Домашните и странските гости качени на луксузните јахти, укотвени во познатите заливи на Бодрум како што се Караада, Битез, Торба, Јаликавак и Ѓолтуркбуќу, уживаат во овие извонредни природни убавини, во средина на тишина и спокојство.



Слични вести