Турски печат 08.09.2020

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1486703
Турски печат 08.09.2020

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Остро предупредување од претседателот Ердоган до Грција“, им одделува место на изјавите на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган коишто ги даде по вчерашниот состанок на претседателскиот кабинет. Претседателот Ердоган истакна дека Турција веќе е земја која располага со право на збор во својот регион и го рече следното: „На крајот како така ќе ја прифатат оваа вистина и оние кои без да извлечат поука од историјата, во Источниот Медитеран и во Егејското Море се обидуваат да доведат до состојба на свршен чин негирајќи ги притоа (сметајќи ги за ништовно) правото и законите на Турција. За оние кои по цена на доведување во опасност на безбедноста и просперитетот на сопствените граѓани се испречуваат пред Турција, велам толку отворено: тогаш кога ќе дојде моментот се плашам (се надевам) дека нема тешко да ја платат цената за тоа.“

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Критична НАТО средба од министерот за национална одбрана Хулуси Акар“, пишува дека министерот за национална одбрана Хулуси Акар се состана со претседателот на Воениот комитет на НАТО воздухопловниот маршал Стјуарт Пич. Во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана беше истакнато следното: „На средбата на Акар со Пич беа разгледани случувањата во Источниот Медитеран, иницијативата на генералниот секретар на НАТО и други прашања поврзани со НАТО.“

„Украинската компанија за авиони Антонов сака да реализира заедничко производство со Турција“ гласи насловот на веста на стрнаиците на весникот „Стар“, кадешто им се одделува место на изјавите на високиот раководител на украинската компанија за производство на авиони „Антонов“ Олександр Лос кој истакна дека бил импресиониран од приодот на Турција фокусиран на производ и дека турската авионска индустрија треба да заземе место во процесот на производство на авионот AN-178.

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Продолжува растот на бројот на патници на Сабиха Ѓокчен“, информира дека меѓународниот аеродром „Сабиха Ѓокчен“ во Истанбул го соопшти бројот на патниците и на авионските летови во месец август. Според тоа, во август од аеродромот „Сабиха Ѓокчен“ патуваа 1 милион 813 илјади патници, со што во споредба со претходниот месец јули е остварен раст во бројот на патници од 48 отсто.

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Гигантот од САД своето минерално масло ќе го произведува во Турција“, пишува дека помеѓу турската компанија синџир на бензински станици „Петрол Офиси“ (Petrol Ofisi) и американската компанија „Chevron Brands International LLC“ е потпишан долгорочен договор којшто ги опфаќа дозволата, производството, дистрибуцијата и маркетингот (продажбата) во сферата на минералното масло. На тој начин гигантската нафтена компанија „Шеврон Инкорпорејтед“ со седиште во САД, своите активности во Турција во сферата на минералното масло ги предаде (остави во аманет) на „Петрол Офиси“. Заедно со завршување на подготовките, производите од минерално масло на брендот „Texaco“ се планира да почнат да се произведуваат во текот на 2021 година од страна на „Петрол Офиси“ (Petrol Ofisi) во Турција.

 



Слични вести