Турски печат 07.09.2020

Денешните турски весници опширно пишуваат за актуелните случуања во земјава и светот

1486074
Турски печат 07.09.2020

 

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Критичен либиски самит меѓу Ердоган и Сераџ ...“ истакнува дека претседателот Реџеп Тајип Ердоган го прими премиерот на либиската Влада на национално единство Фаиз Ес-Сераџ. Главна тема на разговорите на приемот беа случувањата во Либија, билатералните односи и регионалните прашања. На средбата беше изразена турската подршка на легитимната влада на Либија, која е признаена од ОН и беше подвелечно дека Турција ќе продолжи со солидарноста со легитимната влада.

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Објава на МНО во врска со бродот Оруч Реис: Нема да се дозволи никакво силеџиство" истакнува дека Министерството за национална одбрана на Турција (МНО) соопшти дека мисијата за придружба и заштита на истражувачкиот брод „Оруч Реис“, кој продолжува да работи во областите со јурисдикција во Источниот Медитеран, продолжува одлучно и дека нема да се дозволи беззаконие и насилство во регионот.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Реакцијата на МНР против Косово во врска со Ерусалим“ истакнува дека Министерството за надворешни работи (МНР) соопши дека самото преземање на еден ваков чекор којшто се коси со меѓународното право предизвикува големо разочарување. Овој потег ќе предизвика поткопување на историскиот и правен статус на Ерусалим и ќе ги спречи напорите на другите држави за признавање на Косово.

Весникот „Јени шафак“ во веста под наслов „Турција ќе произведува литиум од бор“ истакнува дека литиумот којшто се користи во низа сфери како што се вселенските летала, нуклеарните централи, мобилните телефони, батериите на електричните автомобили, од страна на ЕУ е вброен на списокот на „стратешки производи“. Турција иако нема резерви на литиум, овој елемент ќе го произведува од водата при производството на борот.

Весникот „Хуријет“ во веста под наслов „Мерве, ти си нашата гордост“ истакнува дека Мерве Башоглу, која порасна под заштита на државата и освои целосна стипендија на Факултетот за музичка уметност и изведувачки уметности на Универзитетот во Билкент, дипломираше за три години на четиригодишна додипломска класа на флејта уна метничката Сибел Кумру Пенсел во Франција. Башоглу, е една од омилените студентки на Конзерваториумот во Ница и беше една од трите лица примени на мастер-класот на флејта на познатата уметничка за флејта на Високата музичка академија во Стразбур, Силвија Каредо.

 



Слични вести