Турски печат 04.09.2020

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1484565
Турски печат 04.09.2020

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Ердоган: Секогаш и секаде ќе ги браниме правата и интересите на Турција“, пишува дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган оствари средба со германската канцеларка Ангела Меркел преку видео конференција. Претседателот Ердоган на средбата истакна дека е неприфатливо тоа што себичниот и неправеден став на Грција наоѓа поддршка кај некои земји, а воедно нагласи дека секогаш и секаде ќе ги бранат правата и интересите на Турција против обидите со кои се негира (смета за ништовно) меѓународното право.

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „НАТО соопшти: Турција и Грција донесоа одлука за разговори“, информира дека генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг објави соопштение врска со присутната затегнатост помеѓу Турција и Грција во Источниот Медитеран. Столтенберг во објавеното писмено соопштение го рече следното: „По разговорите коишто ги остварив со турските и грчките лидери, двете сојузнички земји, постигнаа согланост за формирање на механизмите за спречување на воениот судир во Источниот Медитеран и за започнување на техничките разговори во НАТО, за намалување на ризикот од несреќа.“

„Турција: Спремни сме за дијалог без предуслови“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Сабах“, кадешто се истакнува дека Министерството за надворешни работи на Турција објави соопштение во врска со иницијативата којашто ја презеде генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг по прашањето на Источниот Медитеран. Во соопштението на Министерството се нагласува дека на оваа иницијатива се очекува да даде поддршка и Грција, а воедно се додава дека Турција е спремна за дијалог без предуслови за изнаоѓање на трајни решенија за сите прашања со Грција, во рамките на меѓународното право и во усогласеност со правдата и правичноста.

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Турција сработи добра работа за време на пандемијата“, информира дека турскиот лекар проф. д-р Мехмет Оз кој беше прв гостин на серијата вебинари во организација на Американско-турското здружение, а во врска со процесот на новиот тип коронавирус (Ковид-19), одговарајќи на поставените прашања во врска со деталите на лекувањето од Ковид-19 коешто се применува во Турција, го рече следното: „Турција сработи добра работа. Медицинските работници во Турција применуваат многу добри протоколи. Техниките се реализираат на доста успешен начин.“ Проф. д-р Мехмет Оз воедно го истакна и тоа дека Турција успеа да ги заштити подобро своите стари во споредба со другите земји.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Турција во долгорочен период би можела да се претвори во енергетски центар“, им одделува место на изјавите на иранскиот аналитичар за енергетска безбедност Омид Шукри од консултантската фирма за геополитички ризик со седиште во САД „Gulf State Analytics“. Овој ирански аналитичар за енергетска безбедност истакнува дека 320’те милијарди метри кубни резерви на природен гас коишто ги откри Турција во Црното Море се показател за тоа дека во регионот има и други резерви. Тој воедно вели дека доколку се обезбедат неопходните услови Турција ќе стане еден од енергетските центри во регионот.



Слични вести