Турски печат 03.09.2020

Денешните турски весници опширно пишуваат за актуелните случувања во земјава и светот

1483901
Турски печат 03.09.2020

 

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Осуда од МНР во врска со Шарли Ебдо“ истакнува дека портпаролот на МНР Хами Аксој рече дека Турција остро ја осудува одлуката на француското списание „Шарли Ебдо“ за повторно објавување на карикатури кои содржат навреда и непочитување кон нашата вера и божјиот пратеник. Навредата и непочитувањето насочено кон муслиманите не може да се оправда со слободата на печатот, уметноста или слободата на говорото и изразувањето.

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Веруваме дека во претстојниот период ќе постигнеме силно забрзување во надворешната трговија“ ја објавува изјавата на министерката за трговија Рухсар Пекџан која рече дека како резултат на мерките коишто ги презеде Турција и ефикасните политики коишто ги спроведува, верувам дека во периодот на нормализирање на главните пазари на извоз, ќе постигнеме силно забрзување во надворешната трговија.

Новинскиот веб-портал „Хабер Турк“ во веста под наслов „Кралското семејство на Катар на одмор во Бодрум со 500 куфери кои беа пренесени со 2 камиони“ истанува дека Емирот на Катар, Шеик Тамим Бин Хамад Ал Сани и семејството, дојдоа на јахтата Катара кoја е закотвена во Бодрум. Краслкото семејство откако премина во јахтата, од џумбо авионот беа донесени 500 куфери со два камиони кои привлекоа големо внимание. Најголемо внимание пак привлекоа боците со кислород за нуркање. Според претпоставките за кралското семејство дојдоа околу 180 персонал меѓу кои специјални готвачи, келнери, инструктори за нуркање, дадилки за децата, телохранители и персонал на јахтата.

Весникот „Јени шафак“ во веста под наслов „Потфат од Турција во платформата на социјалние медиуми“ истакнува дека Турција излезе како нова марка во социјалните медиуми на дигиталниот свет. Имено во употреба е пуштена новата генерација платформа на социјалните медиуми „Yaay“ која привлече големо интересирање со иновативната и динамична структура. Целта на имплементацијата „Yaay“ е активно следење на дневниот ред и информациите, достап до вистински информации, известување, апликација на значки и низа други имплементации.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Формула 1 повторно се враќа во Турција“ истакнува дека трките на Формула 1 кои имаат свои гледачи низ целиот свет, по период од 9 години повторно ќе се одржат во Истанбул. Трките на Формула 1 ДХЛ Гранд при на Турција што ќе се одржат на 13, 14 и 15 ноември се очекува да бида проследени од страна на околу 100 илјади гледачи од кои 20 илјади странци. Придонесот на трките на турската економија се очекува да изнесува околу 100 милиони долари.



Слични вести