Турски печат 02.09.2020

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија во Турција...

1483243
Турски печат 02.09.2020

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Значајни пораки од Ердоган во врска со Источниот Медитеран“, пишува дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган вчера говореше на церемонијата по повод отворањето на новата судска 2020-2021 година што се одржа во Конгресниот и културен центар „Миллет“ во претседателската палата, во Бештепе во Анкара. Овде претседателот Ердоган рече: „Претставува најголема неправда и тоа што го прават оние кои се обидуваат да ги оставарат своите тајни намери, фрлајќи ја притоа пред нас една држава која во текот на историјата своето постоење го продолжила секогаш со затскривање зад други. Веќе ни се здосади од оваа игра на сенки. Да се доведува во состојба на мамка една држава која нема нешто корисно ниту за себе самата и да се фрла пред една регионална и глобална сила како Турција, веќе почнува да станува комично.“

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Истап од Турција во врска со островот Меис: Губитник ќе биде Грција“, им одделува место на изјавите на министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу кој го рече следното: „Ние сме на страната на седнување на маса со секого и за преговори во Источниот Медитеран, за заедничко решение за праведно споделување, за сите. Доколку се надмине (пречекори) границата во наоружувањето на островот Меис (грчки Кастелоризо), губитник ќе биде Грција.“

„Ироничен одговор од портпаролот на претседателството Калин до Австрија“, гласи насловот на веста на страниците на весникот „Ватан“, кадешто се истакнува дека портпаролот на претседателството Ибрахим Калин во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер, како одговор на тврдењата на австриската министерка за интеграција Сузана Раб, околу тоа дека Турција земајќи ги под свое влијание лицата од турско потекло во Австрија сака да ја подели оваа земја, го напиша следното: „Зарем само Австрија? Колку срамота...“

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Голема пофелба за турскиот туризам од германски политичар“, пишува дека членот на Демохристијанската партија кој му беше потсекретар и на поранешниот германски премиер Хелмут Кол новинарот Фриеделм Ост, раскажа со зборови со големи пофалби во врска со своите впечатоци од Турција и мерките коишто се преземаат во туристичкиот сектор во Турција. Ост ја изнесе следната констатација: „Кога ќе се направи споредба со мерките во туристичките места на северните брегови и на бреговите на Балтичкото Море на Германија и со Мајорка, мерките коишто се преземаат во Турција се ѝ повеќе од пример за светот.“

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Во еден месец 11 илјади летови за Анталија“, информира дека аеродромот на Анталија „FRAPORT TAV“ во период на коронавирусот во последниот еден месец беше домаќин на 11 илјади летови. Во текот на овој еден месец им е пружана услуга на 1 милион 750 илјади патници од 31 земја.



Слични вести